Српските бизнисмени од Косово: Не правете паника, ќе има храна!
Објавено во: Економија 25 Ноември, 2018 09:24
Српските бизнисмени во Косово, по средбата со претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ, пред медиумите рекоа дека засега нема да има зголемување на цените на прехранбените производи и да не се шири паника. Во Косово владее општа загриженост дека можеби ќе секнат залихите на производи за основни потреби по косовското стопроцентното покачување на царинските такси за српските производи.
"Најголем проблем имаат сопствениците на продавници на мало со храна, како што е сега најголемиот проблем. Заклучокот е, во моментов, дека нема да има зголемување на цените", рече претставник на бизнисмените од северно Косово, Радош Петровиќ.
Тој вели дека има храна за уште неколку дена и дека бизнисмените ќе се борат да обезбедат основни продукти за луѓето со сите средства.
"Нема подигнување на цените и нема потреба од страв. Бараме граѓаните да купуваат од само за дневни потреби, а не да трупаат залихи, така што треба да се избегне паника", рече Петровиќ.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




