05 Декември, 2025
0.0269

Срушена куќата среде автопат, последниот станар зема пари

Објавено во: Стил 01 Декември, 2012 20:16

Добивај вести на Viber

Зградата, која беше оставена да стои во средината на автопатот во Кина, како симбол на отпорот, властите сепак ја урнаа, откако Луо Баоген ги прифати парите кои му ги понудиле. Луо Баоген и неговата сопруга добиле 41.000 долари  за зградата во која живееле. Двојката живееше сама во полу-урнатата зграда, која беше последниот остаток од населбата, која беше срушена поради патот што води кон новата железничка станица на периферијата на градот Wenling. Баоген за  изградбата на зградата има потрошено  околу 95.000 долари, а владата најпрво му пријде со понуда за 35.000 долари, но тој одби.  Минатата недела му понуди дополнителни 6000 долари, но тој повторно одби. Сега останува непознато зошто во петокот го прифати истиот договор, пренесува USA Today.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: