19 Декември, 2025
0.1244

ССК: Законски реформи за поголема фискална дисциплина

Објавено во: Економија 03 Април, 2013 14:04

Добивај вести на Viber

Сојузот на стопанските комори по завршување на изборите ќе бара измени на повеќе закони со цел да се подобри финансиската дисциплина во државата.

- Треба  да се воведе законска реформа за дисциплина на плаќање, како помеѓу приватниот сектор, така и на државата кон приватниот сектор. За тоа се потребни измени на сет законски прописи, пред се во законите за платен промет, за банкрот, стечај, ликвидација... Ако се донесат може да се воведе меѓусебна фискална дисциплина, изјави  денеска Мирче Чекреџи, претставник на Стопанската комора на Македонија.

Според него, иако е заживеан инструментот за наплата задолжница, ги покрива само поголемите зделки, но е непрактична за помали суми.

- Чекаме да поминат изборите  и да излеземе  со предлог до Владата да направи измени во неколку закони и конечно да се стави ред. Сега има ред во плаќањето само во малопродажбата. Во големопродажбата,  производството, нарачките...,  просечниот период за наплата е  шест до седум месеци што е доста тешко за реалниот сектор,  рече Чекреџи.

Тој информира дека според во анкетата што ја направиле помеѓу членките  немало пријава  оти државата  доцни во враќање на побарувањата од компаниите.

 - Слободно можеме да оцениме дека  државата во овој момент ги исплати ДДВ-то  и  договорните обврски, посочи Чекреџи, истакнувајќи дека Владата ветила оти годинава ќе има висока дисциплина.

Излегувањето на индустриското производство од негатива, според  него,  дава одреден оптимизам за бизнисот дека работите во економијата ќе се подобрат во  втората половина од годинава.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?