СТРАНЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ ВО ЗЕМЈАВА: Ќе успееме ли да го надминеме досегашниот „врв“?
Објавено во: Економија 27 Септември, 2023 14:23
Зголемен бројот на туристи кои ја посетиле Македонија во текот на оваа година, особено на странските посетители, а се очекува да биде надмината бројката од 2019 година. Следственот на тоа, се очекува и зголемен девизен прилив од туризмот и угостителството.
Во периодот од јануари до јули во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 25,33 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување од еден процент, додека кај странските има зголемување од 44 проценти.
- Во периодот јануари – јули 2023 година по однос на истиот период од претходната година вкупниот број на ноќевања е зголемен за 12,4 проценти, при што кај странските туристи има зголемување за 28 проценти. Сето ова укажува на фактот дека по пандемијата и падот на бројот на туристи оваа година ќе се надмине бројката од еден милион туристи со тенденција да се надмине најдобрата 2019. Годинава се очекува да биде остварен поголем девизен прелив од туризмот и угостителството - истакна државниот секретар на Министерството за економија, Размена Чекич Дуровиќ на одбележувањето на Светскиот ден на туризмот.
Таа посочи дека годинава, акцентот е ставен и на руралниот туризам како интенција на Светската туристичка организација, но и како потенцијал за развој во земјата. Потенцира дека современиот туризам претставува рефлексија на економските и општествените појави, а со оглед на големата динамика во овој сектор неопходни се брзи реакции и одговори на сите предизвици и прашања.
Целта на државните институции задолжени за туристичкиот сектор е до 2025 година да се надмине и 1988 година кога сме забележале 3,7 милиони ноќевања. Според нив, Охрид и Скопје привлекуваат најголем број туристи и овие два град и во првите шест месеци имаат солидна посетеност.
На настанот со кој беше одбележан Светскиот ден на туризмот традиционално со признанија беа наградени личности и институции кои дале особен интерес во развој на туризмот изминатата година.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




