Стаклено пакување за златниот Sony Xperia P
Објавено во: Стил
26 Ноември, 2012 10:50
Добивај вести на Viber
По долго размислување јапонската компанија „Сони“, сепак одлучи на пазарот да му го понуди својот златен Xperia P модел, спакуван во исклучително и целосно несекојдневно пакување - во стакло.
Телефонот е изработен од посебен метал, прелеан со 24-каратна обвивка од злато, отпорна на гребење и отстранување.
Sony Xperia P gold е произведен во само 15 примероци и претставува експеримент на компанијата, од кој ќе зависат новите модели од луксузни материјали во иднина.
Промоцијата на овој модел се врши само на официјалната страница на „Сони“ на Фејсбук, и тоа исклучиво за регионот на Скандинавија.
Телефонот не може да се купи во слободна продажба, ниту да се порача, и ќе им биде бесплатно доделен на најдобрите Фејсбук натпреварувачи на конкурсот на „Сони“ кој е во тек.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: