19 Декември, 2025
0.1691

СТАМЕН ФИЛИПОВ ГО ОСПОРИ ЗАКОНОТ ЗА ДДВ: Работа за уставните судии пред избори!

Објавено во: Економија 16 Април, 2016 09:45

Добивај вести на Viber

Рекордерот по бројот на поднесени иницијативи до Уставниот суд, пензионираниот правник од АРМ, Стамен Филипов ја оспори уставноста на измените во Законот за ДДВ од 2014 година, според кои, прагот за станување ДДВ обврзник на фирмите и граѓаните се намали од 2.000.000 на 1.000.000 денари. Во иницијативата Филипов наведува повеќе прични поради кои овие измени се неуставни.

Како најоштетени ги посочува физичките лица кои остваруваат приходи од издавање под закуп недвижен имот. Од една страна овие лица се двојно оданочени, бидејќи плаќаат и данок на имот и ДДВ, а од друга страна, законодавецот ги принудил да плаќаат 18 отсто ДДВ не само на сумата која завршува во нивниот џеб туку и на 10-те отсто персонален данок, кој мора да се плати при издавање имот под закуп.

Филипов за Фактор.мк изјави дека главен мотив да ја оспори уставноста на измените во Законот за ДДВ било тоа што станува збор за непропорционална и нехумана мерка.

„Тоа е една политичка одлука на власта и тука се повредени многу закони. Нели државата треба да ја гледа и социјалната сигурност на луѓето? А, овие луѓе плаќаат и данок на имот и ДДВ и уште три – четири други давачки. На овој начин се оштетени голем број граѓани. Се гледа дека намерата е што повеќе луѓе да се оптоварат со овој данок. Државата се задолжи многу пари и сега на овој начин сака да собере пари од државните обврзници. Законодавецот не смее да презема такви драстични мерки.“

Според Филипов, особено спорно е што во годината кога биле донесени измњните законот важел ретроактивно. Имено, со оглед на тоа што интервнецијата во Законот за ДДВ е направена во септември, оние граѓани кои до тој момент имале остварено приход над еден милион денари веднаш станале ДДВ обврзници иако претходно законот им гарантирал друга состојба односно двојно повисока граница.

На следниот линк: Целата иницијатива на Филипов!

Дел од даночните експерти со став дека главна цел на овие измени била да се зголемат приходите во Буџетот на РМ.

Со ваквите намалувања на прагот за регистрација се проширува даночниот опфат, односно бројот на обврзници на данокот на додадена вредност. Поголемиот опфат значи и поголема сума на даночни приходи во Буџетот на РМ. Од аспект на издашноста, намалувањето на прагот за регистрација за ДДВ е позитивна мерка, но со истата се зголемуваат трошоците за администрирање со овој данок. Ефектот треба да се измери преку едноставна cost-benefit анализа. Мора да се има на ум, дека освен намалувањето на прагот за регистрација, Законот за ДДВ не е променет, така што опфатот на граѓаните во овој даночен режим произлегува само од поинакво толкување Законот за ДДВ во однос на порано!? Засега со ДДВ режимот се опфатени само граѓаните кои остваруваат приходи од издавање на имот на правни лица (напоменуваме дека овде не влегуваат оние приходи кои произлегуваат од издавање на имот на физички лица). Обврската за задолжително пресметка на ДДВ ќе ја зголеми цената на закупнината, но мора да се има во предвид дека примателот на прометот кој е ДДВ обврзник има право да го одбие влезното ДДВ од својата даночна обврска. За жал некои субјекти немаат право на одбивка на влезно ДДВ и тоа ќе ја зголеми нивната влезна цена. Граѓаните ДДВ ќе пресметуваат на закупнината зголемена за персоналниот данок на доход“ - вели Павле Гацов директор на „Про Агенс” и претседател на Здружението на даночни експерти на Македонија.

Приходите од ДДВ во државната каса во годината на носењето на измените – 2014 во однос на претходната 2013 биле повисоки за 10 отсто, додека во наредната 2015 година е забележан пад од речиси пет отсто.

М.Т.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?