19 Декември, 2025
0.0549

Стамер ќе се сретне со Трамп на неговиот голф терен во Шкотскта: Ќе разговараат за војната во Газа

Објавено во: Свет 28 Јули, 2025 10:18

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер закажаа средба која ќе се одржи денеска на голф-терен во Шкотска, кој е во сопственост на семејството Трамп, а е во близина на Тарнбери.

Стармер подоцна ќе отпатува и во Абердин, на североистокот, каде што има уште еден терен на Трамп, а наскоро ќе се отвори и трет.

На агендата на денешната средба ќе бидат и актуелните меѓународни кризи. Премиерот Стармер ќе инсистира на прекин на огнот во Газа и ќе ја нагласи важноста од прекин на гладта и страдањата на цивилното население.

Се очекува да се разговара и за мировни иницијативи поврзани со војната во Украина и притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин за преговори во наредните 50 дена.

Средбата следува по трговскиот договор што двајцата лидери го потпишаа на самитот на Г7 во Канада, кој вклучуваше намалување на царините за британската автомобилска и воздухопловна индустрија, како и зголемување на увозот на американско говедско месо.

И покрај позитивните сигнали, дел од јавноста во Шкотска изрази незадоволство. Демонстранти се собраа во Балмеди, во близина на еден од терените на Трамп, за да протестираат против неговата посета.

Утре Трамп ќе присуствува на свеченото отворање на новиот терен кај Абердин, кој ќе биде отворен за јавноста од 13 август, со веќе достапни термини за играње.


Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела