03 Мај, 2024
0.0291

СТАН ЗА СЕЧИЈ ЏЕБ: Квадрат во Чаир 500 евра, во Центар и во Карпош до 1.500

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Регистарот на цени и закупнини што се води на веб- страницата на Агенцијата за катастар му овозможува секому да провери колку вредат становите, куќите или плацевите на улицата во која живее. Со јавното објавување на цените на сите купопродажби и закупнини на граѓаните им се достапни се информации за бројот и видот на трансакции на одредена локација, која цена е постигната, за каков тип недвижност се работи, која е квадратурата што била во промет и датумот кога е извршена трансакцијата.

Анализата на податоците објавени на АКН-ГИС порталот на Агенцијата за катастар на недвижности покажува дека становите во Скопје се најскапи во центарот на градот, Дебар Маало, околу Универзалната сала, кај Католичка црква, во Козле, Тафталиџе, Капиштец и Карпош, каде што еден метар квадратен се движи од 1.000 до 1.500 евра, а најевтини се од левата страна на Вардар, односно во населбите Чаир и Топанско Поле, па во Ѓорче Петров, Маџари, Ченто и во Хиподром, каде може да се најде станбен квадрат и од 300 до 500 евра.

За­си­ле­на­та из­град­ба на ста­но­ви пос­лед­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни и ни­за мер­ки со кои се олес­ни прис­та­пот до по­вол­ни стан­бе­ни кре­ди­ти ги спуш­тија це­ните на стан­бе­ни­от квад­рат. Но, сепак, за многумина стан во централното градско подрачје се уште е прескапа инвестиција. Поради тоа, како што велат во агенциите за недвижности, и за становите на периферијата на Скопје има солидна побарувачка.

- Секој бара според потребите и можностите. Овие недвижности се особено интересни за тие што сакаат да купат стан со поголема квадратура за помалку пари. Во тој поглед особено се атрактивни населбите Хром, Ѓорче Петров, Кисела Вода. Тоа се населби кои се добро урбанизирани со добри услови за живеење, инфраструктурно се добро поврзани, редовен автобуски превоз, имаат градинки и училишта, здравствени домови, продавници- велат во една скопска агенцијата за недвижности.

Во Регистарот на Агенцијата за катастар може да се види дека стан од 41 метри квадратни на улица Џон Кенеди во Чаир е продаден за 13.950 евра, што значи по 340 евра за квадрат, а друг стан со површина од 70 метри квадрати на истата локација е продаден по цена од 540 евра за квадрат. Стан во Чаир од 68 квадрати е продаден за 36.000 евра, а нешто поголема цена достигнуват становите во Гази Баба и во населба Железара, каде квадратот чини околу 700 евра. Според објавените цени во Регистарот, становите во Маџари се продаваат по цена од околу 600 евра за квадрат, а во Ченто за 540 евра, односно стан од 52 квадрати е продаден за 28.500 евра. Во Ѓорче Петров, станбениот квадрат се движи до 780 евра.

Од друга страна, стан од 88 квадрати во кулите во Карпош 4 е продаден за 90.000 евра, односно за 1.025 евра за квадрат, а во Дебар Маало и позади Универзална сала цените достигнуваат и до 1.500 евра за квадрат. Становите во Аеродром и во Кисела Вода, во просек, се продаваат по цена од 900 до 950 евра, но има и поскапи во новоградбите.

Овие разлики во цената на станбениот квадрат го раздвижуваат пазарот за недвижности во главниот град и покрај тоа што нови згради се подигаат на речиси секој чекор.

- Пазарот се уште не е заситен. Во понудата имаме станови во речиси сите делови на Скопје и за сите има интерес. Чести се примерите на продажба на стан со голема квадратура во централното градско подрачје за потоа со истите пари да се купат еден или два помали во некоја од приградските населби, па дури и да останаат пари за автомобил или да се тргнат настрана- велат во агенцијата за недвижности.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите