СТАНАЛ МИЛИОНЕР НО ЗАЛУДНО: Имал рок од три години да ги земе парите, но никогаш не ги зел

Објавено во: Општо 08 Јануари, 2023 19:15
Еден човек во Германија добил милион евра на лотарија, но никогаш не дошол да ги собере.
Пред три години на лотарија во германската сојузна покраина Саксонија-Анхалт е освоена сума од еден милион евра, но таа никогаш не била побарана. Добитникот на сумата сега, точно на 31 декември во 23.59 часот, ја изгубил можноста да ги подигне парите.
„Победникот имаше три години да ги побара парите, но за жал не ги побара“, објави во понеделникот Лото-Тото Заксен-Анхалт, според магазинот „Феникс“.
„Се надевавме дека некој друг ќе се јави. За жал, немаше среќен крај“, изјави извршниот директор на Лото, Стефан Еберт. Сумата сега се враќа во „кутијата“ со специјални извлекувања низ целата земја. Наградата од 1 милион евра, за која победникот очигледно не знаел, беше извлечена на Лото 6aus49 во декември 2019 година, во специјалното божиќно извлекување.