20 Декември, 2025
0.0489

„Стандард и Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Турција

Објавено во: Свет 28 Март, 2013 10:12

Добивај вести на Viber

„Стандард и Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Турција од нивото ББ на ББ+, како резултат на позитивните чекори во решавањето на курдското прашање, објави денеска електронското издание на весникот „Хуриет“.
Агенцијата оценува дека решавањето на курдското прашање би имало позитивно влијание врз рејтингот на Турција во иднина. Постигнатиот напредок околу курдското прашање ќе резултира со намалување на трошоците поврзани со безбедноста и ќе придонесе за подобрување на пограничната трговија на Турција, се наведува во соопштението на „Стандард и Пурс“. На 21 март лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна затворска казна во турски затвор, ги повика припадниците на Курдската работничка партија (ПКК) да ги запрат воените дејствија и да се повлечат од Турција. „Стандард и Пурс“ во соопштението посочува дека на зголемувањето на рејтингот влијаел и фактот што Турција спроведува процес на ребалансирање на својата економија. Турскиот министер за финасии Мехмет Шимшек оцени дека ваквата одлука на „Стандард и Пурс“ претсавува „поттикнувачки“ сигнал. - Ние заслужуваме и повисок рејтинг, нагласи Шимшек, додавајќи дека новиот ББ+ рејтинг ќе овозможи полесен пристап до извори за финансирање ма турските компании.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја