19 Декември, 2025
0.0704

СТАНИЦИТЕ ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ЌЕ ИЗДАВААТ ПОТВРДА ЗА РЕГИСТИРАНО ВОЗИЛО - се менува Законот за возила

Објавено во: Економија 14 Јули, 2025 15:06

Добивај вести на Viber

Предлог-измените на Законот за возила со кои се очекува да се олесни процесот на регистрирање на возилата денеска го поминаа собранискиот филтер во матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. 

Претседателот на Комисијата, кој воедно е и еден од предлагачите, Бојан Стојановски образложи дека измените се направени со цел да се поедностави процесот на регистрирање на возила. Со измените им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда за регистрирано возило, врз основа на претходно утврдени критериуми, која ќе се поистоветува со печатот во сообраќајната дозвола. Се предлага исто така регистрацијата да се врши на цела територија на државата, а не како досега во близина на местото на живеење. 

- Во разговор со нашите сограѓани и со организациите кои ги опфаќа овој закон дојдовме до заклучок дека процесот на регистрирање на возило може да биде пресложен особено заради тоа што има мал број извршители во Министерството за внатрешни работи кои работат во станиците за технички преглед што значи дека и целосно да е завршена процедурата за преглед на возилото, сепак ќе треба да чекате неколку дена за да добиете печат во сообраќајната дозвола и затоа одлучивме да направиме неколку новитети - рече Стојановски. 

За овој Предлог-закон, како што информираше Стојановски, не се поднесени амандмани во законскиот рок. 

На 33. седница на Комисијата поминаа и измените на Законот за метрологија во прво читање. 

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?