19 Декември, 2025
0.0565

Становите најскапи во Скопје, ќе растат ли цените годинава?

Објавено во: Економија 09 Март, 2016 10:18

Добивај вести на Viber

Во втората половина на 2015 година градежниот сектор бележи континуиран тренд на раст во делот на изградба на станбен простор, продажба и издавање под наем на канцелариски и малопродажен простор.

Според анализата на  консултантската агенција за недвижности- Фортон цените остануваат стабилни.

Продажната цена од 979 евра за метар квадратен е упросечена продажна цена низ целата држава, вклучувајќи го и Скопје, каде што по правило цените на становите се највисоки.

„Резиденцијалниот пазар бележи зголемување на бројот на реализирани продажби за 10% споредено со првата половина од 2015 година. Просечните пазарни цени остануваат стабилни на нето 979 евра за еден метар квадратен (просек за сите општини на територијата на град Скопје)“,  изјави Влатко Богоевски, генералниот директор на Фортон Македонија.

Според анализата на Фортон пазарот на деловен простор на име издадена површина во споредба со 2014 бележи зголемување од 13,3 отсто.

Компании кои најмногу издавале станови се споменуваат компаниите од Телеком, ИТ и аутсорсинг индустриите. Што се однесува на цените за бизнис центрите на примарни локации се движат од нето 11 до 15 евра за еден метар квадратен.

Од оваа консултантска агенција велат дека нивните очекување се раст на интересот за купување на станови.

Во поглед на цените не се очекуваат промени и најверојатно ќе останат стабилни како и досега.

Вкупно 947 одобренија за градба или 3667 нови станови во Скопје во наредниот период се издадени според статистиката на Државниот завод за статистика меѓутоа не се очекува 100% реализација на сите одобрениjа на градба во разумен рок за изградба.

Од ФОРТОН посочуваат дека според бројот на реализирани трансакции веруваат во стабилен резиденцијален пазар во 2016 год.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка