15 Декември, 2025
0.0818

СТАНОВИТЕ СТАНУВААТ НЕИЗБЕЖНА „ИНВЕСТИЦИЈА“ – масовно се купува имот, лани свртени над 1 милијарда евра на пазарот на недвижнини

Објавено во: Економија 11 Април, 2025 07:39

Добивај вести на Viber

Продолжува трендот на раст на вредноста на средствата вложени на пазарот на недвижнини. Сумираните податоци за минатата година покажуваат дека нашите сограѓани лани во купување и продавање на станови, куќи, градежни или земјоделски парцели вложиле над 1 милијарда евра.

Податоците на Агенцијата за катастар на недвижнини за 2024 година покажуваат дека во текот на целата измината година во базата на Регистарот на цени и закупнини биле внесени 31.029 трансакции, а тука влегува вкупниот број на купопродажби и вкупниот број на закупи.

Притоа најголем дел се купопродажби на недвижнини, при што минатата година биле истргувани вкупно 22.548 недвижнини, додека останатите 8.481 регистрации се закуп на недвижен имот.

Бројките покажуваат дека има благ пад кај вкупниот број на регистрации во текот на минатата година во споредба со 2023 година. Имено, во базата на Регистарот на цени и закупнини во 2023 година биле внесени 32.971 трансакција, од кои 23.545 купопродажби на недвижности и 9.426 закупи на недвижен имот

Но, од друга страна, вредноста на тргуваните имоти е зголемена.

Па така во текот на 2024 година во купопродажбата на имотите биле инвестирани 1,007 милиони евра, односно над 1 милијарда евра.

Година претходно, или во текот на 2023 година, иако било тргувано со поголем број имоти, биле свртени 910 милиони евра. 

Минатата година најмногу купопродажби се регистрирани во ноември, и тоа вкупно 2.252, додека во мај се регистрирани најмалку купопродажби, и тоа 1.541.

Податоците на Катастар покажуваат дека по бројност најмногу се тргувало со станови, па лани биле истргувани над 8 илјади станови, чија вредност достигнала 492 милиони евра. Потоа следува земјоделското земјиште, каде биле продадени 7,326 парцели и вложени и 70 милиони евра.

Минатата година биле истргувани 2.657 градежни парцели и вложени 74 милиони евра. Следни по бројност се куќите, чија вредноста достигнала 156 милиони евра, а вкупно биле истргувани 2,533 куќи.

Кај месечните закупи, Катастар лани регистрирал вкупно 8,481 закупи на објекти чија вредност достигнала 3,329 илјади евра. Година претходно биле евидентирани 9.426 закупи чија вредност достигнала 4,284 милиони евра.

Притоа во 2024 година најмногу закупи се регистрирани во ноември, и тоа вкупно 988 закупи, додека во јуни се регистрирани најмалку закупи, и тоа 489.

Лани имало 2,979 закупи на станови, 2,962 закупи на деловни простории, 1,228 закупи на куќи, 180 закупи на индустриски објекти, 865 на земјоделско земјиште и шуми, 125 на градежно земјиште, 77 на гаражи...

П.О.


Можеби ќе ве интересира

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година