20 Декември, 2025
0.0385

Станува ли мода разводот во Македонија?

Објавено во: Економија 20 Јули, 2018 07:10

Добивај вести на Viber

Лани во Македонија се развеле 1.994 брачни парови и тоа е над три пати повеќе од 1994 година. Дали сега сме многу понетрпеливи од тоа што биле генерациите пред нас? Зошто разводот е опција? Статистиката е поразителна затоа што намногу се разведуваат млади луѓе најчесто ти ешто биле во брак од 5 до 9 години и парови во кои и двата партнери се со средно школо. Статистиката е поразителна... Прилеп има 103 разводи лани, а Охрид дури 101. Излегува дека Албанците се разведуваат многу почесто од Македоците (ако се земе дека се 25 отсто од популацијата) и имаат 433 разводи, а Македонците 1.090

Низ македонските судови лани се развеле 1.994 парови. Најмногу разводи лани имало во Прилеп дури 103 и во Охрид 101. Од скопските општини прва на оваа листа е Аеродром со 73 разводи. Очекувано и логично е дека најмногу од разведените двојки се етнички Македонци. Лани се развеле 1.090 македонски брачни двојки, втори се Албанците што го крши митот дека се патријархални и конзервативни. Вкупно 433 албански брачни двојки се развеле. Ако како репер го земеме критериумот дека се 25 отсто од целото население излегува дека тие многу почесто се одлучуваат на развод од Македонците. Ова го покажуваат најновите податоци на државниот Завод за статистика. Ако е за утеха ланската година и не била најстрашна. Во периодот од 1994 година до сега најцрна е 2014 година кога имало 2.210 разводи.

Кои се статистички најризични години?

Според статистичките податоци најризични години за развод се тие кога брачаната двојка е заедно од 5 до 9 години. Тука има дури 146 разводи. Од аспект на возраста на брачните другари најризична група е таа кога мажот и жената се меѓу 30 и 34 годишна возраст. Во таа категорија лани имало 153 разводи. Можеби држи место тезата дека разводите станаа мода. Замислете лани имало дури 19 разводи на браќни другари постари од 65 години!!!

Од аспект на образовната структура најчесто лани се разделувале брачни другари со средно образование. Дури 596 брака се разведени во кои и двајцата партнери биле среднисти.

Само во 4 рурални општини лани немало разводи

На листата на општини во кои немало разводи лани се: Вевчани, Зелениково, Пласница и Лозово. Најмногу разводи имало во Прилеп и Охрид (како што напишавме горе), а на ранг листата се уште Тетово со 88 разводи, покуса не е Струга со 83 разводи, Гостивар со 81, Битола и Струмица со по 74, Аеродром со 73 и Штип со 71 развод.  Кисела Вода имала 67 разводи, Гази Баба  и Кочани со 62 разводи.


Р. Ф. 


Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба