19 Декември, 2025
0.4532

Станува се поизвесно – струјата уште ќе поскапува?

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2013 19:56

Добивај вести на Viber

Од 1 јули се најавува нова цена на струјата. ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН Македонија веќе ги доставиле трошоците за нивно работење до Комисијата, информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Димитар Петров. Регулаторот посочи дека енергетските компании побарале големо зголемување на центата. Во наредните две недели Комисијата ќе треба да ги разгледа барањата на енергетските компании и да се произнесе дали и кои трошоци ќе им бидат прифатени. Се очекува новата цена на електричната енергија, која ќе важи од 1 јули годинава, да биде донесена до крајот на месецов. Регулаторната комисија исто така утврдила дека компаниите учесници во енергетскиот систем се правно и технички неподготвени па затоа се одложува втората фаза од либерализација на пазарот на електрична енергија. Според Петров, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН Македонија не се подготвени пазарот да се отвори. За либерализацијата ќе се одлучува повторно во јануари.

„Се уште нема донесено таква одлука, бидејќи ќе зависи  што ќе се случи на пазарот и кои ќе бидат проценките на Владата,“ изјави пред три дена вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој посочи дека Македонија нема намера да не ги почитува директивите, но сепак мора да води сметка за граѓаните.

Според претпоставките, либерализацијата на пазарот на струја ќе доведе до извесно зголемување на нејзината цена.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии