18 Мај, 2024
0.0313

Станува жешко во „Скопски пазар“! Мали акционери бараат отчет од менаџерите!

Објавено во: Економија 14 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Паралелно со отчетот, „Скопски пазар“ откри дека градежната компанија „Масон Инженеринг“ е спремна да плати вкупно над 1,82 милиони евра за нивните 3.980 акции со право на глас. Зошто некој би купил акција за 28.212 денари кога таа на берзата сега се купува по цена пониска од 8.000 денари? Двајца мали акционери, домашни физички лица, официјално бараат на претстстојното акционерско собрание да се дополнат точки со кои бараат отчет од менаџерите на компанијата за деловни активности за кои се сомневаат дека ја комплицираат деловната положба на компанијата. Ова е преседан за акционерско собрание на „Скопски пазар“, а и за кратката историја на македонското пост-транзициско акционерство. Според објавата во еден од дневните весници двајца акционери кои заедно поседуваат над 5 отсто од акциите бараат да се стави на дневен ред точка со која менаџментот ќе даде информација за отуѓен капитал на компанијата, а воедно, и на капитал или имот што е даден за гаранција на доверители чиј должник е „Скопски пазар“. Во вториот предлог се бара информација за задолжувањата на „Скопски пазар“ спрема банките и тоа поединечно кои сите банки со состојба до крајот на март. Во предлогот се бара конкренто да се наведе и кој имот кај која банка е даден под хипотека. Во третата точка акционерите – подносители бараат во Надзорниот одбор  на компанијата да има член – претставник од поголемите поединечни акционери и таа одредба да се внесе во статусот на „Скопски пазар“. При тоа, за третиот предлог, подносителите нудат две решенија: првото е во Надзорниот одбор да членуваат три члена, а втората е да членуваат четири членови. При тоа да се додаде нов став кој дефинира дека: „најмалку еден член на НО да биде од редовите на покрупните малцински акционери кој не учествува во раководењето на друштвото, кој ќе ги застапува интересите на истите“. Подносители на оваа иницијатива се Радмила Камчевска и Ѓорѓија Велков кои заедно поседуваат над 5 отсто од акциите во „Скопски пазар“. Сега, согласно законските процедури, и ќе биде ставен на гласање како точка за дневниот ред на собранието. Со тоа веднаш тогаш при гласањето ќе се знае дали и кај некои други малцински акционери има расположение за поддршка на актуелниот менаџмент или ќе бараат отчет од најголемиот поединечен акционер Сашо Давитковски кој во исто време е и претседател на Управниот одбор на компанијата. Синот и мајката Давитковски заедно поседуваат 23,23 отсто од акциите во таа компанија, а ги добија во наследство од поранешниот директор и најголем акционер на „Скопски пазар“ – Трајче Давитковски. Воедно во акционерската структура можеби е пристуен и другиот син Тошо Давитковски, кој порано беше и во регистарот на акционери кои поседуваат над 5 отсто од капиталот. Дали сега поседува уште акции или не, немаме увид затоа што го нема во јавно достапната база на податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ). Дури и да има акции тогаш стекот е помал од 5 отсто поради тоа што не се појавува во јавната база на податоци на ЦДХВ. Тошо Давитковски е член на Управниот одбор на компанијата. Освен ова дополнителен интересен момент за инвеститорите е и тоа што денеска беше објавен називот на фирмата што во приватна понуда ќе се јави како купувач на 3.980 акции со право на глас што претставува 4,65 отсто од капиталот. Тоа е скопската градежна компанија „Масон-Инжинеринг“ ДООЕЛ Скопје. За тие акции „Масон Инженеринг“ би платил 112,28 милиони денари (над 1,8 милиони евра).

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа