17 Април, 2025
0.0651

СТАПИЈА НА СИЛА УШТЕ ЕДНИ ЦАРИНИ - како дојде до ескалација на трговската војна меѓу САД и Кина

Објавено во: Економија 12 Април, 2025 09:48

Добивај вести на Viber

Кина најави дека ќе ги зголеми увозните давачки за американски стоки од 84 на 125 отсто, а одлуката ќе стапи на сила денеска - 12 април.Тоа е одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно ги зголеми американските царини за кинески стоки на вкупно 145 отсто.

„Доколку САД продолжат да воведуваат царини за кинески стоки што се извезуваат во САД, Кина ќе го игнорира“, се вели во соопштението на Државниот совет на Кина, според Ксинхуа. Според властите во Пекинг, наметнувањето на уште повисоки американски царини за кинески стоки „веќе нема да има економска смисла“ и би станало „шега“ во историјата на светската економија, пренесува CNBC.

Откако Кина дополнително ги зголеми царините за американскиот извоз денес, еве брз преглед на тоа како настанала оваа ситуација:

1 февруари: Доналд Трамп објави царина од 10 отсто за речиси сите кинески стоки што влегуваат во Соединетите држави.

4 февруари: Кина одговори со царини од 10 до 15 отсто за одредени американски производи.

4 март: САД ја удвојуваат царинската стапка за кинески стоки на 20 отсто.

2 април: Трамп објави дополнителна царина од 34 отсто за кинескиот увоз како дел од пошироката глобална тарифна стратегија, со што вкупната царинска стапка (вклучувајќи ги и претходните царини) на 54 отсто. Кина одговара со идентична мерка – царина од 34 отсто за повеќето американски стоки.

7 април: Трамп се заканува со дополнителни 50 отсто царини ако Кина не ги повлече контрамерките - вкупната стапка на царини достигнува 84%.

9 април: Кина објави дека ќе воведе царини од 8 отдто% за американските стоки почнувајќи од 10 април (наместо претходните 34 отсто). „Реципрочните“ тарифи на Трамп стапуваат на сила, а царините на Кина официјално се зголемуваат на 84%, за вкупно 104% царини. Трамп потоа најавува дека царините за кинески стоки ќе се зголемат на 125%, со што вкупната стапка (вклучувајќи ја и првата од февруари) на 145%.

11 април: Пекинг ги потврди тарифите од 125% за американските стоки и вели дека нема да одговори на дополнителни зголемувања.

Можеби ќе ве интересира

САД: Кина сега се соочува со царини до 245 отсто како резултат на нејзините контрамерки

САД: Кина сега се соочува со царини до 245 отсто како резултат на нејзините контрамерки

АЛИЕВ: Енергетската безбедност на Европа е „невозможна“ без улогата на Баку и Грузија

АЛИЕВ: Енергетската безбедност на Европа е „невозможна“ без улогата на Баку и Грузија

НА 1 МАЈ ЌЕ ИМА ПРОТЕСТ: ССМ не се откажува од барањето за минимална плата од 500 евра

НА 1 МАЈ ЌЕ ИМА ПРОТЕСТ: ССМ не се откажува од барањето за минимална плата од 500 евра

ЌЕ БАРААТ СУДОТ ВЕДНАШ ДА ГИ БЛОКИРА СИТЕ ЦАРИНИ: Калифорнија ќе го тужи Трамп

ЌЕ БАРААТ СУДОТ ВЕДНАШ ДА ГИ БЛОКИРА СИТЕ ЦАРИНИ: Калифорнија ќе го тужи Трамп

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗЛАТНИ ПРАЧКИ И МОНЕТИ: Ова доживува бум и во земја од регионот

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗЛАТНИ ПРАЧКИ И МОНЕТИ: Ова доживува бум и во земја од регионот

ХРВАТСКА БАРА РАБОТНИЦИ: За некои професии платите стигнуваат и до 3.000 евра

ХРВАТСКА БАРА РАБОТНИЦИ: За некои професии платите стигнуваат и до 3.000 евра

ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ: Романија е во најлоша состојба, но во една земја таа е под 1 отсто

ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ: Романија е во најлоша состојба, но во една земја таа е под 1 отсто

АКО МИСЛЕВТЕ ДЕКА ЌЕ КУПИТЕ ВО ЕВРОПА И БЕЗБЕДНО Е, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА: Козметички препарати и играчки најбројни меѓу штетните производи во Европа

АКО МИСЛЕВТЕ ДЕКА ЌЕ КУПИТЕ ВО ЕВРОПА И БЕЗБЕДНО Е, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА: Козметички препарати и играчки најбројни меѓу штетните производи во Европа

По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес

По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес