Стапката на невработеност во третиот квартал падна на 16,5 проценти
Објавено во: Економија 04 Декември, 2020
Во третиот квартал, стапката на невработеност во земјата достигнува 16,5 проценти. Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, тој е намален за 0,2 проценти во споредба со претходниот квартал кога изнесуваше 16,7 проценти.
Во однос на истиот период лани имаме 12.000 активни вработени помалку, а во однос на претходниот квартал кој заврпи на крај на јуни има 8.000 помалку.
Бројките покажуваат дека активното население во овој квартал било 941.136 лица, од кои 785.561 биле вработени и 155.575 биле невработени. Во претходниот квартал, активното население беше 964.248, вработени беа 799.546 лица и 159.623 беа невработени.
Кај невработените во категоријата од 25 до 49 години, стапката на невработеност е 16,1 процент, додека кај оние на возраст од 50 до 64 години е 12,6 проценти.
Секторите каде имаме најголем број на вработени во третиот квартал се преработувачката индустрија со 154.842 лица и трговијата на големо и мало со 114.336 лица.