20 Декември, 2025
0.0503

Старите лица над 60 години повеќе не мора да се туркаат по амбулантите – стартува проектот „Домашна визита“

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2013 20:00

Добивај вести на Viber

Патронажни служби на Министерството за здравство од утре ќе посетуваат дома пациенти постари од 60 години кои имаат проблеми со здравјето и во домашни услови ќе вршат превентини здравствени прегледи. Како што информира министерот за здравство, Никола Тодоров, од утре ќе стартува новиот проект на Министерството, „Домашна визита“ за чија цел ќе бидат ангажирани 340 патронажни сестри кои работат во здравствените домови. Се очекува со посетите да бидат опфатени девет илјади пациенти. - Сестрите секојдневно, во точно утврден термин ќе имаат обврска за посета на стари, изнемоштени лица, лица со хронични болести, кои се избрани според дијагнозите евидентирани во националниот електронски систем „Мој термин“. Акцент ќе биде ставен на лица со кардиоваскуларни заболувања, хронични респираторни заболувања, дијабетес и други хронични заболувања – рече министерот Патронажните сестри во домовите, додаде тој, ќе вршат определени прегледи, мерење крвен притисок, шеќер во крвта, хемоглобин, холестерол, а во определени случаи и ЕКГ прегледи. Се очекува во следните два месеца да бидат посетени 9.110 лица постари од 60 години, од кои 5.794 пациенти боледуваат од тип 2 дијабетес мелитус, 2.747 пациенти боледуваат од тип 1 дијабетес мелитус и 569 пациенти боледуваат од астма.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии