20 Декември, 2025
0.0355

Стартува безготовинското плаќање за транспортни дозволи

Објавено во: Економија 01 Март, 2013 13:37

Добивај вести на Viber

Македонските превозници од денеска можат од кое било место електронски да аплицираат за дозволи и со платежна картичка да ја платат  административната такса за акти и документи кои ги издава Секторот за патен сообраќај во Министерството за транспорт и врски.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, граѓаните може да аплицираат за дозволи по електронски пат и со само едно доаѓање на местото на издавање на документите да ги завршат сите административцни процедури на многу поедноставен  начин, без непотребно да трошат време.

- Претходно кога некој превозник требаше да подигне дозвола доаѓаше во Министерството, гледаше колку дозволи му се одобрени. Потоа мораше да се врати во банка, да чека ред, да уплати, повторно да се врати во Министерството з атранспорт и врски   и да ја подигне дозволата. Со новиот систем се овозможува без оглед дали странката ќе аплицира  во Министерството или претходно по електронски пат, автоматски да добие информација колку дозволи се добиени, плаќа со картичка и си ја подига дозволата, рече Јанакиески.

Тој најави дека од следниот четврток ќе се овозможат поедноставни услуги за превозниците и преку поставување виртуелен ПОС терминал. - Транспортните компании ќе аплицираат од седиштата, системот автоматски да ги информира колку од бараните дозволи му се одобрени, ќе плаќа од седиштето, а овластен претставник ќе може да подигне дозволата од Министерството, појасни министерот за транспорт.

- Kога се работи за итни  превози на храна, системот  ќе овозможи многу брзо менаџирање на процесот на издавање дозволи. Тоа и претходно се правеше брзо, најчесто за еден ден, но сега дозвола ќе може да се издаде за неколку минути, посочи Јанакиески.

Не секогаш знаеме каде треба да одиме и планираме, а во оваа огромна конкуренција што ја имаме од превозници од Европа чекањето за дозвола значи и губење на работа, изјави Билјана Муратовска од Здружението на превозници МАКАМТРАНС, укажувајќи дека поедноставените процедури за дозволи се особено значајни за превозниците од внатрешноста.

На годишно ниво се издаваат околу 70.000 поединечни транспортни дозволи, 4.000 сертификати, 1.000 лиценци за превоз на патници или стока и околу 500 дозволи за превоз на патници. Административната такса од 2007 година изнесува 300 денари.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба