15 Декември, 2025
0.0574

Стартува електронската пријава на прекувремена, ноќна и работа на празници

Објавено во: Економија 11 Април, 2013 12:58

Добивај вести на Viber

Работодавачите од денеска пријавите за прекувремена работа, ноќна смена и работа на државни празници за своите вработени ќе можат да ги доставуваат до Државниот испекторат за труд и по електронски пат на e-mail адресата prijava@mtsp.gov.mk. - Ова подразбираше сложена административна процедура и трошоци за компаниите, поради што одлучивме да воспоставиме електронски ситем за пријава. На посочената адреса ќе можат да се испраќаат унифицирани пријави, кои работодавачите ќе можат да ги најдат на интернет страниците на Министерството за труд и социјална политика и на Државниот инспекторат за труд. Пријавата треба да биде испечатена, пополнета со потребните податоци, со потпис и печат на правниот субјект и скенирана да биде испратена до Инспекторатот за труд, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски. Целта на ова елекстронско пријавување, додаде, покрај административно олеснување, е и овозможување поголема сигурност во остварувањето на правата на работниците, но и овозможување поголема ефикасност во работата на инспекцијата на трудот. И при електронското пријавување, како и при пријавувањето преку писмена изјава, работодавачите треба да ги запазат предвидените рокови во Законот за работни односи. Од воспоставувањето на новиот начин на пријава се задоволни и работодавачите и синдикатите. Претседателите на Сојузот на синдикати на Македонија и на Конфедерацијата на слободни синдикати Живко Митревски и Мирјана Андреска сметаат дека на ваков начин ќе се обезбеди зголемување на вредноста на трудот на работникот, но и ќе обезбеди поголема транспарентност и контрола на остварувањето на правата на работниците. Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров истакна дека се задоволни од оваа мерка пред се поради тоа што, како што истакна, таа е одговор на нивните забелешки за неможноста во одредени случаи да се отиде лично во Инспекторатот. На таков начин, додаде, ќе можат да се запазат роковите и да се избегнат високите глоби.      

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година