19 Декември, 2025
0.1052

Стартува изградбата на рударски комплекс во Казандол – шанса за нови вработувања

Објавено во: Економија 24 Август, 2016 09:16

Добивај вести на Viber

Градбата на комплексот Казандол ќе започне утре.

Компанијата Сардич MЦ стартува со изградба на овој рударски комплекс во Казандол,  Валандово по реализирани двегодишни истражувања. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник. Инвестицијата е англиска и е проценета на 35 милиони евра, а во првите седум години се очекуваат приходи од  близу 135 милиони евра или околу 20 милиони евра годишно. Капацитетот на рудникот е 4.000 тони катоден бакар.

На Казандол има резерви од 33 милиони тони рудна количина. Досега се потврдени за 20 години експлоатација.

Во фабриката што ќе се изгради во комплексот ќе бидат  примени 100 луѓе, а индиректно во целиот комплeкс ќе бидат ангажирани 250 работници.

Рударскиот комплекс се очекува да има позитивно влијание во регионот, но и приходи за државата.

Се очекува производството на првите бакарни катоди да почне за една година. Производството ќе биде наменето за европскиот пазар.

Ова е прва фаза на проектот. Со отворање на следниот рудник планирано е и отворање дополнителен погон за преработка на катодите во бакарни цевки и валана жица.

Покрај концесијата за Казандол компанијата има концесија и за Петрошница и за Плавуш.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба