Стартува со работа воениот базен во Скопје
Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2013 10:30
Реконструираниот Воен базен во Аеродром денеска ќе биде отворен. Базенот ќе работи секој ден, до крајот на септември, од 8 до 01 часот по полноќ.
Како што информира новиот менаџмент на базенот, реконструирано е и санирано коритото на базенот, а реновирани се и тоалетите. Изграден е нов угостителски објект, а новиот концесионер на отворениот базен во општина Аеродром ќе понуди летни школи за пливање, ватерполо тренинзи, необични спортови во вода и постојана анимација за посетителите.
Покрај пливачките летни школи, натпреварите во одбојка и тимски игри, менаџментот на базенот од оваа година ќе стави акцент на организација на работењето со граѓанскиот сектор. За таа цел се воведени повеќе капацитети за опуштање на посетителите, поставени се повеќе ареи за седење и одмор, како и креирање на детско игралиште за најмалите.
Целата програма на работење наскоро ќе може да се погледне на сајтот на базенот.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




