25 Ноември, 2024
0.0257

СТАРТУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА СО АСТРАЗЕНЕКА: Ќе се аплицира само на лица над 60 години

Објавено во: Македонија 31 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Од денеска во Македонија почнува имунизацијата на населението со првите 24.000 дози вакцини од АстраЗенека кои викендов стигнаа во земјава. Дозите се веќе дистрибуирани низ здравствените домови, а за почеток во Здравствен дом-Скопје, во три поликлиники има точно 7.400 вакцини за граѓаните над 75 години кои се пријавија и кои добија термин за вакцинација. Фактор разговараше со повеќе матични лекари, кои на своите пациенти во претходниот период им давале совети во однос на имунизацијата, посебно со вакцината на британско-шведскиот производител.

-Ќе ги почитуваме сите одлуки кои ќе ги донесат здравствените власти, но по големиот број контроверзи токму со вакцината на АстраЗенека досега дававме совети да не се вакцинираат пациентите над 65 години заради неколку смртни случаи во Норвешка, Данска и во некои други земји каде извесен период е суспендирана нејзината употреба. Според најновите информации, пак, од пред неколку часа, вакцината нема да се аплицира во Германија и во Канада на лица помлади од 60 години. Ова се навистина збунувачки информации и за нас како лекари, но и за самите пациенти. Мислам дека сега се плашат и едните и другите, а тоа ќе се одрази и на одѕивот за вакцинација. Сите кои беа подготвени да се вакцинираат сега се преиспитуваат, а за жал во Македонија вакцинацијата почнува токму со АстраЗенека, велат неколку матични лекари од повеќе приватни здравствени ординации.

Истовремено, во разговор за Фактор повеќе повозрасни граѓани изразија различни мислења. Некои едвај чекаат да се вакцинираат, некои не ни помислуваат.

-Јас имам 78 години, ќе се вакцинирам дефинитивно. Имам термин за утре во поликлиниката Букурешт. Не ме плашат написите и се што се зборува за вакцината на АстраЗенека. Толку луѓе се вакцинираа веќе. Видовме и викендов како беше во Србија, имаше и на моја возраст. И се помина без никаков проблем. Сметам дека вакцината е многу безбедна и дека штити од вирусот кој уште малку еве, година и пол како владее со целиот свет. Ни ги парализираше животите, така што сметам дека вакцината навистина ни е единствениот спас, вели пензионерката Марија Г. од  Скопје.

- Имам повеќе коморбидитети, така што не планирам да се вакцинирам со оваа вакцина. Советот го добив и од матичниот лекар, но многу ги читав и српските лекари кои велат дека кинеската вакцина и руската спутник кои не се мРНА вакцини, односно кои содржат дел од вирусот се многу побезбедни за нас лужето со други здравствени состојби. Успешно се чував до сега, па би почекал во Македонија да стигнат и другите вакцини, вели 73-годишниот пензионер Славко. Т

Како и да е вакциналниот процес почнува. Тимовите во здравствените домови се целосно подготвени, а како што вчера пишуваше Фактор, во „Букурешт“ има 3.800 вакцини, во „Јане Сандански“ 3.000, и во поликлиниката „Чаир“ 1000 дози од вакцините на АстраЗенека, кои се 10-дозни вијали, односно од едно шишенце ќе бидат вакцинирани по 10 граѓани.

Во меѓувреме се подготвува Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за изведување на масовната вакцинација, која треба да почне од понеделник, а според информацијата од Министерството за здравство се прават списоци на вработени во државната инфраструктура.

-4000 вакцини Астра Зенека ќе бидат издвоени за вработени во критична државна инфраструктура кои ќе можат од почетокот на следната недела да се вакцинираат, согласно одлуката на Националната техничка група за имунизација. Во оваа група се опфатени вработени во МВР кои се најизложени на ризик, вработени во АРМ, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, Град Скопје - возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините. На овој начин ќе се заштитат граѓаните кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик, информираше министерот Венко Филипче. 

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа