17 Мај, 2024
0.0275

Стартуваше новата фаза од Платформата за енергетската ефикасност

Објавено во: Економија 09 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Под мотото „Енергетска ефикасност на дело“ продолжуваат активностите во рамки на Платформата за енергетска ефикасност, што ја спроведуваат ЕВН и Министерството за економија на РМ. Практични совети за енергетска ефикасност во секојдневниот живот за граѓаните, имплементирање на енергетските пасоши, примена на нови енергетски ефикасни технологии за компаниите и енергетска ефикасност во дистрибутивната мрежа, се главните теми на кои ќе бидат фокусирани активностите во следниот период.

Новата фаза од Платформата за енергетската ефикасност стартуваше со работилницата за Енергетска ефикасност за претставниците на медиумите, на која како предавачи учествуваа стручни лица од ЕВН, од Министерството за економија и од Агенцијата за енергетика на РМ, која од годинава станува нов партнер на Платформата за енергетска ефикасност.

На работилницата се обратија претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер и директорот на Агенција за енергетика на РМ, Александар Дуковски.

„Eнергетската ефикасност е многу важна тема за општеството, како за домаќинствата, така и за бизнисите, бидејќи претставува начин на намалување на трошоци, но и заштита на животната околина. Во овој контекст, многу мерки се преземени и дискутирани за време на работилницата а истите ќе помогнат и за информирање и едуцирање на јавноста. Сето ова е овозможено преку добрата соработката со Министерството за економија и мило ми е што можам да најавам дека имаме нов партнер во Платформата за енергетска ефикасност, а тоа е Агенцијата за енергетика. Би сакал да ги охрабрам сите да продолжат да ја развиваат оваа тема во иднина за да може да има придобивки целото македонско општество“, изјави Штефан Петар, претседател на УО на ЕВН.

Енергетската ефикасност во домовите и начинот на кој ќе функционираат енергетските контролори во пракса е фокусот на главните активности на кои работи Агенцијата за енергетика.

proekt za efikasnost

„Агенцијата за енергетика се придружува на Платформата за енергетска ефикасност што ја водат ЕВН и Министерството за економија. Се надевам дека овие теми што ги дискутиравме на работилницата ќе допрат до пошироката јавност и за да се зголеми енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор, како и можностите за поголема енергетска ефикасност во индустријата. И едното и другото ќе помогнат Македонија да ги зачува своите природни ресурси и во исто време да ја унапреди животната средина. Се надеваме дека со заедничката работа ќе придонесеме за развојот на индустријата и кон тоа македонските граѓани да ги заштедат природните ресурси и своите парични средства“, изјави Алексaндар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика на РМ.

Креирањето на соодветни услови и правна рамка за зголемена имплементација на енергетската ефикасност во сите сегменти, како и креирање на соодветна енергетска стратегија која ќе ги наметнува принципите на енергетска ефикасност, беа темите на кои, во рамките на работилницата, се фокусираа претставниците на Министерството за економија.

Една од планираните активности во Платформата за енергетска ефикасност е продукцијата и емитувањето на специјална емисија „Енергетска математика“, која ја подготвува ЕВН во соработка со Агенцијата за енергетика. Преку неа граѓаните ќе можат да се запознаат со начинот на кој можат да ги применат принципите на енергетска ефикасност во својот дом, како и начинот на кој работат енергетските контролори на терен.

Платформата за енергетска ефикасност започна со активности во 2012 година. Фокусот беше ставен на едукација на компаниите за намалување на нивните трошоци, едукација на студентите за воведување на енергетската ефикасност во бизнис планирањето, како и на едукативни емисии и кампања за пошироката јавност. Платформата ја доби националната награда за општестевна одговорност и позитивно беше оценета во извештајот на Европската Комисија за прогресот на Македонија во исполнување на критериумите за полноправно членство во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати