Стасаа првите 4.680 вакцини од Србија: Вучиќ - Ќе спасите животи
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2021 10:35
Македонија доби 4.680 вакцини од ветените 8.000 дози во првиот контингент кој денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ, го предаде на граничниот премин Табановце. Домаќин беше премиерот Зоран Заев кој рече дека ова е исклучителен гест на пријателство и одраз на меѓусебната поддршка.
„Оваа планетарна криза го отвори најдоброто од човештвото, поврзани сме со најдобрите вредности. Нашата денешна средба е резултат на пријателството и меѓусебната поддршка, знак за разбирањето на ситуацијата и израз на традицијата во регионот. Првата рака на помош да биде од најблискиот кон комшијата. Овој потег ги зацврстува и така добрите односи и им дава нова сила на односите меѓу нашите две земји. Упатувам огромна благодарност и до пратеникт Иван Стоилковиќ и Мирослав Недељковиќ кои имаат активен придонес во ова и во меѓудржавната соработка, рече Заев.
Вакцините од Србија ќе влезат во националниот план за вакцинација кој постојано ќе се ажурира. Заев потенцираше дека ќе се вакцинира по редослед на одредените приоритетни групи, а за деновиве ги најави и другите вакцини од Србија.
Претседателот Александар Вучиќ рече дека е среќен што можеле да помогнат на, како што рече, нашите браќа.
„Србија нема никакви други интереси освен да покаже солидарност и пријателство. Ова е најобичен подарок за кој сме сигурни дека и вие ќе ни го дадевте. Ако соседот не е задоволен нема да сте ни вие. Во Србија до сега се инјектирани 840.000 илјади вакцини на 635.000 луѓе од кои дел имаат примено и ревакцина. Фала Заев што се боревте. Со овие неколку илјади ќе спасите животи а секој живот е важен, рече Вучиќ.
Вчера бил потпишан трипартитниот договор со Фајзер. Вакцинацијата ќе почне по завршувањето на регуларната процедура во текот на утрешниот ден и ќе се извршува во модуларната болница кај Клиниката за инфективни болести.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




