20 Декември, 2025
0.0394

Статистика измери намалени цени и трошоци на живот

Објавено во: Економија 07 Мај, 2014 21:02

Добивај вести на Viber

Трошоците на живот во Македонија во април годинава се намалиле за 1,1% во споредба со истиот месец лани, пресмета Државниот завод за статистика. Во истовреме, цените се намалени за 1,5%. Во однос на март, пак, и трошоците на живот и цените се на речиси исто ниво. Од ланскиот април до овогодинешниот, најмногу се зголемиле трошоците за здравје - за 9,9% и на алкохолни пијалоци и тутун - за 2,8%. Најмногу се намалиле трошоците за храна и безалкохолни пијалоци - за 2,7%, за транспорт - 1,7% и за ресторани и хотели - исто така 1,7%. Во цените, најголем раст има кај алкохолните пијалоци и тоа: пивото за 12,1%, жестоките пијалоци 7,8% и виното за 2,1%. Намалување е забележано во цените на храната и тоа речиси во сите сегменти: месо, риба, масло, овошје, зеленчук, чоколади, кондиторски производи... Поскапување има кај лебот и житата и кај млекото, сирењето и јајцата. Од март до април, за само еден месец, најмногу поскапело овошјето - за 4,7% и зеленчукот - за 2,6%.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба