15 Декември, 2025
0.3271

СТАТИСТИКА: Koлку склучени бракови и колку разводи имало лани?

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2018 19:47

Добивај вести на Viber

Бројот на склучените бракови во 2017 година, во споредба со  претходната година, е зголемен за 4.4 % и изнесува 13 781 склучен брак.

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.  

Најмногу бракови, 1 771 или 12.9 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 764 или 5.5 %. 

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.1 % за жените и 91.4 % за мажите. 
Во втор брак со учество од 7.9 % и во трет брак со учество од 0.7 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто  стапуваат мажите.  

Во 2017 година, најголем број бракови, 4 570, кај жените биле склучени на возраст од 20 до 24 години или 33.2 %, а  за мажите во старосната група од 25 до 29 години со 5 222 бракови или 37.9 %. 

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 26.6 години за невестата и 29.3 години за младоженецот. 

Бројот на разводите во 2017 година бележи зголемување од 0.5 % во споредба со 2016 година и изнесува 1 994  разведени бракови. 

Најмалку бракови, 42 или 2.1 %, во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу, 224 или 11.2 %, во  месец декември.  

Според возраста на сопругата и на сопругот, најголем број разводи, 387 или 19.4% се случиле во старосната група од  30 до 34 години, за сопругата и 356 или 17.9 % за сопругот.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани