СТАТИСТИКА: Ова се трошоците за живот кои се намалиле во август…
Објавено во: Економија 07 Септември, 2016 13:10
Се намалиле трошоците за живот во август во споредба со јули.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.1% во август 2016 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на замрзнатото овошје за 2.9%, свежото и разладеното овошје за 2.5%, оризот за 2.4%, брашното и другите житарици и компирот за 1.7%, другите прехранбени производи за 0.7%, сувото овошје и јаткастите производи за 0.6%, сирењето и урдата за 0.5%, другите пекарски производи и другите преработки од месо за 0.4%, другите млечни производи за 0.3% и сушеното, соленото и чаденото месо за 0.2%. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во август, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за домаќинствата за 10.7%, течните горива за домаќинствата за 5.8%, течните горива и мазива за 3.0%, гасот за домаќинствата за 2.0%, информатичката опрема за 1.9%, средствата за лична хигиена и здравје за 1.3%, услугите за лична хигиена за 1.1%, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.6%, обувките за 0.4% и средствата за чистење и одржување на станот за 0.2%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во август 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај месото за 1.0%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.9%, свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 0.7%, млекото и безалкохолните пијалаци за 0.3% и замрзнатиот зеленчук и сушениот зеленчук за 0.2%.
Раст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 43.5%, болничките услуги за 3.5%, велосипедите за 0.7%, текстилот за домаќинствата за 0.6%, туристичките пакет-аранжмани за 0.5%, малите електрични апарати за домаќинствата и алатите и опремата за куќа и градина за 0.3% и лековите, накитот и часовниците за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во август 2016 година, во споредба со август 2015 година, бележи намалување од 0.3%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.2%.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




