Статистика за памет: Колку е поголема Европа, толку е покрупна сиромаштијата!
Објавено во: Анализа 08 Јуни, 2013 08:19
Сиромаштија по години
Статистиката покажува дека стапката на ризик од ризик од сиромаштија (по социјалните трансфери) се зголемува, и се поголеми разлики се јавуваат помеѓу 2010 и 2011 година, во споредба со разликите кои ги има во периодот меѓу 2009 и 2010 година.
Стапката на сиромаштија најмногу се зголемила во Естонија, Бугарија и Унгарија, додека пак намалување е забележано кај Латвија, Велика Британија, Луксембург, Кипар, Данска , Литванија, Норвешка и Исланд.
Во сите други земји има раст на стапката на сиромаштија од 0,1 процентни поени во Полска и Португалија до 1,7 процентни поени во Естонија.
Речиси во сите земји, поголем стапката на сиромаштија кај жените. Сепак станува збор за релативно мала разлика. Односно во ЕУ-27 стапката на сиромаштија кај мажи е 16,1%, а кај жените 17,6%.
Најголемата разлика од 3,5 процентни поени е забележана во Кипар (12,7% за мажи и 16.2% за жените) и Шведска (12.2% за мажи и 15.7% за жените). Понатаму, во Бугарија, Велика Британија и Словенија стапката на жени изложени на ризик од сиромаштија се за 2,8 процентни поени повисока од соодветните стапки за мажи во 2011 година. Истото важи и за Швајцарија, со разлика од 2,6 процентни поени меѓу мажите и жените.
Спротивно на тоа, има четири земји членки на ЕУ, Латвија, Унгарија, Естонија и Полска каде што во стапката на ризик од сиромаштија е повисока кај мажите отколку жените.
Сиромаштија кај невработени, пензионери и вработени
Невработените се особено ранлива група и податоците покажуваат дека скоро половина или 46,2% од невработените лица во ЕУ-27 се изложени на ризик од сиромаштија во 2011 година.
Највисоки стапки имаат Германија каде 67,8% од невработените се на прагот на сиромаштијата во Литванија стапката изнесува 53,1% , додека другите три земји-членки Бугарија, Естонија и Латвија, бешто повеќе од половина од невработените биле изложени на ризик од сиромаштија во 2011 година.
Во ЕУ-27 14,1% од пензионерите биле изложени на ризик од сиромаштија во 2011 година, стапки беа многу повисоки во Кипар, каде 36,8% од пензинерите се на прагот на сиромаштијата, во Бугарија тој процент изнесува 28,3% а во Велика Британија 23.1% .
Оние пак кои се вработени имаат далеку помала веројатност да бидат на прагот на сирошаштијата, доносно во просек од 8,9% од вработените низ целата територија на ЕУ-27, се низложени на ризик од сиромаштија. Но, сепак има релативно висок процент на вработени лица изложени на ризик од сиромаштија во Романија (18,9%), Шпанија (12,3%) и Грција (11,9%).
Социјални мерки
„Мерки за социјална заштита може да се користат како средство за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост. Ова може да се постигне, преку одредени бенефиции“, пишува во извештајот на Еуростат.
Во 2011 година, социјалните трансфери го намалија ризикот од стапката на сиромаштија кај населението на ЕУ-27 од 26,1% пред трансферите на 16,9% по трансферите. Во релативна смисла, влијанието на социјалните бенефиции беше најниско во Грција, Италија и Бугарија. Спротивно на тоа, повеќе од половина од сите лица кои биле изложени на ризик од сиромаштија во Данска и Унгарија се вратиле над тој праг како резултат на социјалните трансфери, а ова е случај и во Норвешка и Исланд.
Нееднаквостите во приходите
„Владите, креаторите на политиката и општеството во целина не може да се бори против сиромаштијата и социјалната исклученост без анализа на нееднаквостите во општеството, без разлика дали тие се од економска природа или пак се социјални, наведуваат во изваштајот на Еуростат. Податоците за економската нееднаквост станаа особено важни за проценка на релативната сиромаштија, затоа што распределбата на економските ресурси може да има директно влијание врз обемот и длабочината на сиромаштијата“.
Во 2011 година постои голема нееднаквост во дистрибуцијата на доходот меѓу населението на ЕУ-27 . На 20% од населението со највисоки приходи доби 5,1 пати повеќе приходи во однос на 20% од населението со најниски приходи. Овој сооднос значително варира низ земјите-членки, од 3,5 во Словенија и Чешка, на најмалку 6 во Грција, Романија, Бугарија и Латвија, и околу 6,8 во Шпанија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





