Ставрески: Евтините кредити на Владата преку МБПР отворија над 5.000 работни места
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2013 13:05
Илјада претпријатија во земјава добија поддршка од евтината кредитна линија што ја обезбеди Владата од Европската инвестициска банка.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека преку обезбедувањето кредитни линии од 250 милиони евра, што преку македонските банки завршија во македонските мали и средни претпријатија, се поддржа македонската економија. - Претпријатијата добија поддршка во текот на кризата, а преку 5.000 работни места се креираа, изјави министерот.
Тој потенцира дека банките се ликвидни, иако кредитната активност е се уште недоволна, но се надева дека ќе биде повисока во наредниот период.
Кредитната активност, како што истакна гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов, до крајот на годината е таргетирана на 7 проценти и посочи дека ќе вложат напори таа да се реализира.
Во прилог на тоа, според него, се и податоците за првиот квартал за растот на економијата кои покажуваат закрепнување. Очекува дека македоските банки кои имаат потенцијал ќе го препознаат овој момент и ќе ја поддржат економијата.
Компаниите од Европската инвестициска банка ги добиваат средствата по субвенционирана камата од 5,5 проценти и рок на отплата од осум години со грејс период од две години. Се пласираат преку Македонската банка за поддршка на развојот, а фирмите поднесуваат барање кај девет деловни банки – Стопанска банка Скопје, НЛБ Тутунска банка, Комерцијална банка, Охридска банка, Шпаркасе банка, Стопанска банка Битола, Прокредит банка, ТТК банка и Халк банк.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




