Ставрески очекува голем број турски инвестиции во Македонија
Објавено во: Економија 10 Мај, 2013 19:19
„Република Турција и Република Македонија имаат долгодишни пријателски односи на политички и на економски план. Тоа се две земји кои имаат добра соработка би рекол повеќе на политички, отколку на економски план и очекувам во иднина економската соработка да се продлабочува. Во секој случај на највисоко ниво, вклучително преку посети на премиерите на двете земји, претседателите и нивни средби, како и на сите други нивоа во изминатиот период, во многу наврати е искажана поддршката во напорите на едната или другата земја за остварување на надворешно политичките и на другите цели“, оценува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој престојува во Турција каде учествува на пролетните средби на Европската банка за обнова и развој.
Според Ставрески земјава нуди доста поволности за инвеститорите од Турција во делот на даночната клима, ниски даноци, дополнителни даночни поволности за инвестирање во слободните економски зони, квалификувана работна сила, можност за работа и соработка во делот на различни сектори. Тој очекува голем број трските инвеститори во Македонија. Од аспект од секторите во кој што најголема е соработката и најголеми шанси има да се реализираат инвестиции Ставрески ги посочи градежништвото, односно изградбата на недвижности, медицината, земјоделството, текстилот, производствените дејности и секој друг сектор каде што инвеститорите ќе оценат дека се добри условите за водење бизнис.
Годишното собрание на ЕБОР во Истанбул оваа година е посветено прашањата како да се поттикне поголем економскиот раст.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




