Ставрески: Предвидениот економски раст ќе се оствари
Објавено во: Економија 12 Април, 2013 12:56
Македонија годинава ќе успее да го оствари предвидениот економски резултат, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Одговорајќи на новинарски прашања пред денешното одбележување 21. година од постоењето на Царинската управа, Ставрески оцени дека постепено заздравување на европската економија може да се очекува во втората половина од годината.
- Се уште има доста ризици, но се надеваме дека економската активност ќе оди во позитива и дека овој тренд што почна во Македонија во февруари со раст на индустриското производство, ќе продолжи, истакна Ставрески, изразувајќи надеж дека добри резултати ќе покажат и градежништвото и други сфери.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




