19 Декември, 2025
0.0453

Ставрески: Растот на индустриското производство ќе ја повлече економијата и БДП

Објавено во: Економија 29 Март, 2013 14:47

Добивај вести на Viber

Порастот на индустриското производство во февруари од 4,5 проценти во однос на истиот месец минатата година е показател дека започнува тренд на раст на индустриското производство во Македонија, оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по посетата на металуршкиот комбинат „Југохром фероалојс“ во Јегуновце.

- Охрабрен сум од добрите резултати на „Јухогром“ во почетокот на годинава и сметам дека комбинатот во последните неколку месеци работи добро. Вклучени се сите печки, илјада луѓе се на работа што е најмногу во последните 10-ина години. „Југохром“ е составен дел на индексот на растот на производството, очекувам во следните месеци да продолжи тој тренд и македонската индустрија да продолжи со позитивни стапки и на тој начин да го повлече и растот на економијата и на БДП во целина, изјави Ставрески.

Тоа, потенцира, е добро заради тоа што значи нови работни места и подобри денови за македонската економија.

- Секогаш бевме тука кога требаше да опстане и да продолжи со работа „Југохром“, стожерот на стопанството за овој регион, а така ќе биде и во иднина. Владата и локалната власт и понатаму ќе ја пружаат сета потребна помош како што направија и претходно кога беше потребно да се приватизира земјиштето и да се поттикне извозот во „Југохром“, рече Ставрески.

Генералниот директор на „Југохром фероалојс“ Бранислав Ѓуровиќ истакна дека првпат во последниве 20 години во комбинатот работат илјада работници.

- Работиме добро, работевме добро и порано, но не со толкав капацитет, а како што времето поминува се подобро работиме, рече Ѓуровиќ и додаде дека за сето време имале максимална поддршка од Владата и од локалната самоуправа.

Нагласи дека само „Југохром“ за најмалку 20 проценти го има зголемено производството во првите два месеца од годинава има реализирано извоз од 53 милиони долари.

„Југохром“ извезува по околу 6,5 милиони тони феросилициум на месечно ниво насекаде низ светот.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба