19 Декември, 2025
0.0387

Ставрески: Во Скопје сум, не сум ја напуштил државата

Објавено во: Економија 23 Август, 2016 20:40

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески ги демантира написите во дел од медиумите дека ја напуштил државата, и дека е можно тој да не е во земјава. Во кусата изјава за Фактор, Ставрески вели дека се наоѓа во земјава. „Не е точно дека сум надвор од државата. Тука сум во Скопје“, кусо одговори Ставрески. Дел од медиумите денеска пишуваа дека, Ставрески  повеќепати бил повикан на разговор во СЈО, но тој не се појавил, а последниот пат доставил известување за боледување, поради што не можел да присуствува на распитот. Инаку, Зоран Ставрески пред неколку месеци даде оставка од функцијата министер за финансии која писмено ја образложи со здравствени причини. Пред тоа, повеќе од половина година не се појавуваше во јавноста. Сепак, неговата оставка, дел од познавачите ја поврзаа и со земањето на еврообврзницата од 450 милиони евра, која се случи веднаш по неговото заминување од функцијата, а која ја спроведе неговиот наследник, министерот Кирил Миноски. Во бомбите на опозицијата, можеше да се слушне како Ставрески не се согласува со голем дел од политиките што ги води актуелната владејачка гарнитура. Сепак до крајот на својот мандат тој јавно не се конфронтираше со неговата партија и остана доследен во спроведување на зацртаната економска политика.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба