Стигнаа приговори за Брвеница, Карпош и Шуто Оризари: ДИК ќе ги разгледува утре
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2025 12:43
До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката на сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори, одржани на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.
Приговори поднел Хаким Рамадани поддржан од ВЛЕН за избирачките места 2032, 2033, 2034 и 2035 во Брвеница. Во оваа општина во вториот круг победи Јовица Илиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ со 4.374 гласа, додека Рамадани освои 4.224 гласа.
Коалицијата „Твоја Македонија“ поднела десет приговори за избирачките места 2955, 2956, 2956/1, 2959, 2959/1, 2961, 2961/1, 2971, 2971/1 и 2973 во Шуто Оризари. И Сојузот на Ромите поднел приговори за избирачките места 2961, 2962 и 2966 во истата општина. Во Шуто Оризари победник во вториот круг е Курто Дудуш од Унијата на Ромите со 3.894 гласа, додека Ерџан Демир од коалицијата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ добил 3.406 гласа.
Коалицијата „Искуство за успех“, која го поддржуваше Стевчо Јакимовски, поднела приговори за сумирање и утврдување на резултатите на избирачките места 2613 и 2631 во општина Карпош. Таму победник е кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Сотир Лукровски, со 13.512 гласа, додека Јакимовски освои 12.378 гласа.
Според информациите од ДИК, седницата за одлучување по приговорите најверојатно ќе се одржи утре.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




