Стигнаа украинските инвеститори, ќе градат хотели и ќе развиваат земјоделство
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2013 21:18
Бизнис делегација од украина допатува во земјава за да види дали и каде може да се инвестира во македонија. аинските бизнисмени сакаат да го прошират својот бизнис преку Македонија. Според нивните најави тие се интересираат за земјоделството, хотелиерството, но и за експлоатацијата на минералните суровини.
Како што денеска истакна министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлевски, бенефициите во Индустриско-технолошките развојни зони се посебно прифатливи за Украинците. Тој додаде дека има интерес за секторите и тоа главно за земјоделството особено при откуп на дистрибутивните центри. Павлески посочи дека на овој начин тие од домашните земјоделци би откупувале земјоделски производи кои би ги извезувале не само во Украина и Русија, туку и во други делови во Европа.
Министерот информираше и дека изградбата на луксузни хотели е второто подрачје на интерес, а за таа цел е планирано да се разгледа оваа можност за Скопје и Охрид.
„Односите меѓу Македонија и Украина се развиваат во добра насока. Постои голема симпатија меѓу македонскиот и украинскиот народ и тоа резултира со овие наши средби“, изјави почесниот конзул на Украина и сопственик на Риксус груп, Василиј Микулин.
На оваа посетата на украинската бизнис делегација и претходеше неодамна одржаниот Бизнис форум во Украина каде учествуваше македонскат делегација.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




