04 Декември, 2024
0.0291

Стимулирање на трансферот на знаења и иновации во земјоделството

Објавено во: Агробизнис, Колумни 19 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Во услови на раст на побарувачката на храна, како резултат на притисок врз природните ресурси (земја,вода, енергија и др.), напредокот на процесот на глобализација и како последица на уште поотворена конкуренција, нови производи на климатските промени, промените во организација на прехрамбениот систем и пораст на значението на ценостите и етичките  разбирања во општеството, трансферот на знаења и иновации во земјоделството се претвора во најсилниот одговор и приоритет на аграрната политика на долгорочен план.

  1.Зголемување на образовната и квалификационата подготвеност на вработените во земјоделството.

  Запазувањето на животните селски заедници и постојната образовна мрежа, според некои е една од силните страни на нашето земјоделство. Во исто време, продуктивноста на продукт кој нашето земјоделство е неколку пати пониска од европскиот просек. Причините затоа се комплексни, но меѓу нив е и нивото на значењата и умеењата на вработените во секторот.

Познато е дека, во извесен систем значењето на обуките и квалификациите за развој на земјоделството се потценуваат. Како и потребата од градење на систем за перманентна професионална обука.

Причините за релативно ниското професионално  и квалификационо ниво на вработените во земјоделството се од разна природа. Дел од тоа се должи на условите за живот во селските реони, кои предизвикуваат одлив на млада и квалификувана работна сила кон градовите па и во други земји. Причината е и слабоста на образовниот систем. На други проблеми, решавањата траба да се бараат во рамките на националната регионална и образовна политика во подолгорочен план.

Постои можност за обука и стекнување на знаења и умеења чие остварување бара да се пројави професионализам од страна на државните органи.

  Состојбата на професионалната припрема на вработените во земјоделството бара пораст на ефектите од дејноста на системот за обука. Тоа значи:

-Подобрување на училишниот процес во средните професионални специјални училишта.

-Задолжителна подготовка на кадри со високо образование за потребите на земјоделците.

  -Ориентирање на курсеви за обука на конкретни проблеи со кои се доаѓа брзо до работа.

  -Користење на можностите за постигнување на одржливи резултати во подигање на професионалната припрема на вработените во земјоделството.

  2.Развој на системите за ширење на знаења и консултански услуги

Промените кои доведоа до замена на државниот социјализам со строг хиерархиски систем на одговорност во стопанството, функционираат во услови на приватна сопственост врз средствата за производство и пазарни функции. Современото земјоделство бара особено од управувачите на структурни комплексни знаења за технологија на производство, економика и управување на фармата, земјоделската техника и др. Знаења кои непрекинато треба да се обновуваат и дополнуваат поради напредокот  на земјоделската наука во области на раст на продуктивноста, прилагодување на климатските промени и др. Наброеното досега ја повлекува потребата од функционирање ефективен систем за ширење на значењата и консултанските услуги. Агенцијата за поддршка на земјоделството е институција во системот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која ја има советодавната функција.

Мислам дека оваа служба нема капацитет да ја врши огромната работа за ширење на значењата и да ги задоволи потребите од  пристап до информации на бројните земјоделци. Уште помалку може да одговори на основната функција, откако на земјоделците им помага во административната работа...

3.Развој на научни истражувања

  Развивањето на конкурентно способно производство, при заштита на природните ресурси е невозможно без користење на научните постигнувања. Ова е уште поважно во услови на климатските промени, кои бараат технолошки, економски, политички и други решенија, кои овозможуваат намалување на емисиите на стакленички гасови и приспособување на земјоделството кон новите услови. Научните сознанија досега не беа приоритет на земјоделската политика. Можеби има оправдувања  во големи и брзи промени во вкупната национална  економија.

Научните истражувања во земјоделството се реализираат во научните институти, кои денес во Македонија ги има релативно малку, со ограничен број на култури. Покрај сите тешкотии кои транзицијата ги носеше, веќе не може да биде оправдување за индолентниот  однос на општеството кон овој сериозен проблем. Истражувањата на факултетите кои образуваат кадар за земјоделство не можат да одговорат на сериозните предизвици што ги наброивме, погоре, бидејќи не располагаат со соодветен кадар ни по број, ни по потребни профили за научно-истражувачка работа .

Уште еден сериозен проблем се наоѓа на патот на трансфер на знаењата и консултанските услови во земјоделството, а тоа е недоволни или непостојни врски помеѓу истражувачките институции и земјоделските производители. Потребна е разработка на механизам кој ќе доведе до решенија на проблемот. Во праксата тоа би значело интегрирањена можностите на производителите, истражувачите и развојни институции, консултантски фирми и банкарските  институции околу реализација на конкретен проект, како и ширење на резултатите меѓу заинтересираните.

Проф. Д-р. Борис Анакиев


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.