СТИПЕНДИИ ОД СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД АУЕ – ФОН
Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2023 17:33
Генералниот директор и основач на АУЕ – ФОН, м-р Сефер Цаноски и м-р Соња Николовска Вукајловиќ, заменик директор на Секторот за кадри при Стопанска Банка АД - Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се овозможуваат голем број на поволности за сегашните и идните студенти од Универзитетот, како и за вработените од банката.

Покрај доделувањето на стипендии, согласно Меморандумот за соработка, а во рамките на проектот на Универзитетот „Студирај и работи“, Стопанска банка АД Скопје ќе вработува студенти од АУЕ – ФОН кои студираат банкарство, ИТ или имаат стручно усовршување од областа на Сајбер безбедноста.
Двете страни како општествено одговорни институции заеднички се согласија дека продлабочувањето на соработката и размената на искуства ќе придонесе пред сè за квалитетна едукација, а преку практична работа или вработувањето, на студентите од АУЕ - ФОН им е загарантирана финансиска стабилност, сигурна иднина и успех во нивниот кариерен развој.
Со денешното потпишување на Меморандумот се потврдува заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката помеѓу двете институции во сферата на едукација, образование, усовршување, оспособување и обука на вработените од банката во повеќе научни области. Меморандумот предвидува соработката да се реализира преку различни форми, меѓу кои стручна и научна експертиза за потребите на банката, потоа едукација, образование, усовршување, оспособување и обука на вработените во Стопанска Банка АД Скопје. Дополнително, се овозможува организирање и на заеднички семинари, курсеви, обуки или други форми на доусовршување, како и истражувања од областите на взаемен интерес или давање на експертска помош од страна на АУЕ - ФОН при подготовка на стратешки плански и програмски документи и законски подзаконски и други акти во интерес на банката.
пр објава
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




