26 Јуни, 2024
0.0281

Стобиски и денеска на телевизија, иако Антидискриминациска „му забрани“ да се појавува: Ова е диктатура, се подготвува индоктринација

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Епископот Јаков Стобиски денеска повторно се појави на телевизија, во студиото на ТВ Сител во рамки на попладневните вести, иако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација вчера му препорача да не излегува во јавност „затоа што вознемирува со своите изјави дел од населението“.

Стобиски во студиото ваквата одлука ја нарече „диктатура“ откако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека епископот има извршено дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во областа на јавното информирање и медиуми, за што побараа јавно да се извини, или во спротивно ќе му поднесе прекршочна пријава.

„Во моите говори не е најдена ни трага на дискриминација, ниту говор на омраза. Тие велат дека сум предизвикал вознемиреност кај одредени кругови. Јас немам проблем да се извинам, 20 години живеам во манастир и немам таква суета. 

Постои антагонизам помеѓу атеисти кои тврдат дека нема Бог, но тоа ги повредува чувствата на верниците. Кога сме тужеле дека некој рекол дека нема Бог?!. Презумцијата на невиност е згазена, ја нема, а згора на тоа што тоа е донесено без запазена постапка, од брзање да ме дискредитираат“, рече Стобиски.

За најавениот протест организиран од МПЦ-ОА во четврток против законските измени за родова еднаквост и матична евиденција, Стобиски рече дека „тоа е послендото нешто што Црквата го сакала“.

„Ние сме против индоктринација што се подготвува на иднината и на децата. Има реална состојба и реални примери што можеме да ги видиме во одредени општества што ги предизвикало имплементирањето на ваквите Закони“, додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството