СТОЧАРИТЕ ЧЕСТО СЕ ДВИЖАТ ВО ШУМА: Како да се заштитат од евентуален напад на мечка?
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2025 07:59
Сточарите често ја напасуваат стоката во шума, но треба да внимаваат и да знаат како да се заштитат во случај на средба со мечка.
Диме Меловски од Македонското еколошко друштво(МЕД) од Скопје, вели дека луѓето кога се движат во шумата треба да бидат претпазливи, посебно ако се сами. Доколку се работи за поголема група, сепак луѓето би се чувствувале побезбедно.
„Во земјава проценуваме дека живеат околу 300 до 350 мечки и тоа главо во западна Македонија. На истокот мечките доаѓаат повремено, но не се задржуваат долго бидејќи се често мета на криволовците. Ова е најмногу затоа што луѓето во тој дел не се навикнати на соживот со мечката и нивниот социјален капацитет за ова месојадно животно е мал. Ниеден сточар никаде каде живее мечката не бил нападнат од мечка. Барем јас немам слушнато за таков случај. Стадата на сточарите се заштитени од овчарски кучиња и тоа е вековна традиција којашто сè уште се практикува. Во секој случај, доколку шетаме во природа каде живеат мечки, треба да се биде донекаде внимателен, посебно доколку сте сами. Најдобро е да се прави врева, да се даде до знаење за своето присуство и да се носи пепер спреј. Доколку се повеќе луѓе, нема потреба од некакви мерки. Доколку се забележи мечка, поготово ако е со младо, треба полека да се повлечеме и да дадеме простор мечката да го напушти местото“, вели Меловски.
Сточарите објаснуваат дека со себе задолжително имаат кучиња кои ги штитат стадата.
„Сум видел мечка, беше на 10 метри од стадото, но избега. Кој чува стока, мора да чува и кучиња. Јас лично имам три кучиња“, вели Асан Исаков, жител на селото Скудриње.
Но, во другите краеви на Македонија, сточарите се порелаксирани, затоа што шансите да сретнат мечка се помали.
„Средба не сум имал со мечка. Во велешко не сме виделе мечки. Волци има, шумата е ниска, немаме ние некоја повисока шума како во западна Македонија. Нашите сточари во велешко не верувам дека имаат проблеми со мечки, а повеќето овчари си имаат кучиња“, вели велешанец.
На почетокот на месецов, татко пријавил во Центарот за управува со кризи(ЦУК) дека неговиот син, кој има 15 години, во атарот на селото Крапа, Македонски Брод, имал средба со мечка, но не бил повреден додека бил со стадото.
На бројот за итни случаи– 112, лани летото е регистрирана пријава за напад од мечка врз овци во трло во селото Равен во општина Гостивар. Во 2024 година, имаше пријава дека мечка нападнала дански турист на Шар Планина.
На потегот помеѓу селата Пласница и Ораоец, во Општина Македонски Брод во 2023 година, мечка повреди маж кој берел бобинки и него го спасија ловци кои биле во близина. Последниве години имаше поплаки од жителите на западниот дел на Македонија дека често ги гледаат мечките во населените места и тоа им предизвикуваше страв.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




