Стојанов - А1 Македонија: Дигиталниот живот поедноставен преку онлајн услуги
Објавено во: Интервјуа 26 Јануари, 2021
Граѓаните сe се повеќе наклонети кон користењето он лајн канали не само за меѓусебна комуникација, туку и за извршување на секојдневните обврски, почнувајќи од поместувањето на канцелариите, училниците па се до продажните салони кои сега се на дофат и онлајн. Онлајн функционирањето станува веќе потреба, а промената на каналот на комуникација ги менува и корисничките навики. Сега е многу поедноставно да се купува и плаќа онлајн, а притоа да се чувствувате безбедно. За Е – сметка и придобивките од нејзиното користење зборуваме со Златко Стојанов, Менаџер за управување со фактурирање за кориснички услуги и спречување измами во А1 Македонија.
Што e Е-сметка?
Стојанов: Најнапред би сакал да кажам дека А1 Македонија постојано оди чекор понатаму во воведувањето уште понапредни услуги се со цел да обезбеди врвно корисничко искуство. Овојпат зборуваме за Е – сметка, каде сме насочени кон заштеда на скапоценото време на корисниците и обезбедување услови за брзина и ефикасност на дел од тековните операции, особено за бизнис корисниците. Едноставно кажано, E-сметка е алтернатива за добивање фактура во хартиена форма. На овој начин комуникацијата помеѓу операторот и претплатникот (известување, фактура, друг вид на комуникација) се одвива по електорнски пат во електронска форма наместо во пишана хартиена форма.
Според последните податоцидури 73% од корисниците на комуникациски услуги од А1 Македонија ги добиваат своите фактури преку мејл и, можам слободно да преформулирам и да констатирам дека Е-сметка беше алтернативаза добивање фактура во хартиена форма и сега е веќе нашата реалност.
По кои канали се одвива комуникацијата во електорнска форма сега?
Стојанов: Со Е-сметка во моментов содржината на фактурата во електронски формат останува иста, а корисниците може да ги добиваат месечните фактури преку: електронска пошта на својата e-mail адреса, преку мобилната апликацијата Мојот А1достапна на Google play за Android и на App Store за iPhone, преку апликацијата Мојот А1 на веб-страницата www.A1.mk, во секцијата Мојот А1 како и преку СМС порака со бесплатно преземање од активен линк во pdf формат.
Кои се придобивките од користењето Е – сметка?
Стојанов: Брзината и едноставноста се најголемите придобивки за корисниците. Добиваат, директна, безбедна и секогаш навремена достава на месечните фактури електронски, без поштенски одложувања или грешки. Дополнителен бенефит кој го добиваат е и погодноста да се има пристап до месечната сметка насекаде и во секое време од било кој уред со најава до сопственото email сандаче, до апликацијата Мојот А1 или преку персонализираниот активен линк за преземање преку СМС известувањата.
Во согласност со нашата заложба за зачувување на животната средина, како општествено одговорна компанија, се дигитализираме и сакаме да ги охрабриме сите наши корисници да се откажат од комуникација во хартиена форма. За илустрација на последново, со ваквиот пристап во 2020 година споредено со 2019 година имаме над 20% помала потрошувачка на хартија т.е. заштеда од над 10 тони хартија (коверти и меморандуми за производство на фактурите). Просечната тежина по фактура во моментов е 13,5 грама и бележи тренд на постојано опаѓање, благодарение на иновативниот пристап и над 20 години експертиза на ова поле како и употребата на најсовремени софтверски алатки за дизајнирање на изгледот на фактурите.
Дали расте бројот на корисници кои користат е-сметка?
Стојанов: Апсолутно да и тоа не прави особено задоволни и горди бидејќи корисниците веќе ја препознаваат нашата заложба да го направиме овој процес едноставен и безбеден, не препознаваат како лидери во оваа област, што за нас значи дека корисниците во А1 гледаат доверлив партнер за комуникациски услуги.
Потврда за тоа е растот низ годините, имено, од 14% кога го преземав управувањето со тимот за фактурирање за корисници во А1 Македонија во Август 2017 година, на 24% во Јануари 2019 година, на 33% на почеток од 2020 година и до безмалку 73% на почеток од оваа 2021 година.
Најголем катализатор за растот во 2020 година беше Covid-19 кризата кога нашите препораки за користење е сметка беа поттикнати и од надлежните, кои законски одобрија начин на електоронско преземање на фактурите со претходна порака до корисниците за износот на фактурата и активен линк од каде таа може да се преземе. Притоа фактурата ги содржи сите елементи согласно член 53 од Закон за ДДВ и член 101 од Законот за електронски комуникации.
Ние, А1 Македонија, бевме први на пазарот што вовоедовме целосно решение за бесплатна достава на фактурите за резидентните корисници преку СМС.
Не ги заборавивме ниту корисниците кои сеуште имаа одбивност и скепса да ги добиваат фактурите по електронски пат во елетронски формат и токму затоа им дадовме можност да се јават и побараат фактурите да ги добиваат во хартиена форма. Интерактивно им пристапуваме на корисниците за добивање согласност за добивање на фактурите на ваков начин по преземање на фактурата, а воедно и им овозможивме на корисниците на други мобилни оператори дома, да ја добиваат по пат на СМС својата фактура за фиксни услуги (фиксна телефонија интернет, телевизија и други) од А1 МК.
Растот кај Е-сметка е и слика на визијата, заложбите и посветеноста на вработените и менаџментот на А1 Македонија. Затоа овде сакам да се заблагодарам на сите колеги кои учествуваа во реализација на акциските планови за раст на бројот на корисници кои уживаат во придобивките од Е-сметка.
Кога А1 Македонија ја има имплементирано оваа функционалнст и на кого се однесува?
Стојанов: Во моето скоро 23 годишно искуство во телекомуникациите, особено сум горд што ја имав можноста заедно со развојот на технологијата на модерното време да придонесам за воведување на оваа новина која е веќе составен дел од дигиталното живеење. За физички лица доставата на фактури по електорнски пат во електронска форма особено еволуира последниве 10 години во Македонија.
За бизнис корисници услугата во А1 Македонија услугата е достапна од почетокот на 2019 година.
А1 Македонија е првата телекомуникациска компанија која успешно воведе електронска фактура со дигитален потпис, уште еден проект со кој ја засилуваме дигиталната трансформација во општеството. Имплементацијата на проектот беше во соработка со македонската компанија Некстсенс. Со употреба на Nextsense Signing Server се овозможи дигитално потпишување на електронските фактури.
Во Април 2020 извршивме и надградба на решението со цел да овозможиме редундантност и обезбедиме врвна сигурност како и со цел да осигураме капацитет и брзина за претстојниот раст кај електронските фактури.
Месечната електронска фактура е потпишана со електронски потпис заснован на дигитален сертификат од овластеното лице за потпишување фактури, со квалификуван дигитален компаниски печат како и со временски печат, со што се обезбедени автентичноста на потеклото и интегритетот на содржината на сметката. Корисниците добиваат електронска сметка во PDF/A-3B стандард (верзија на PDF-датотека за архивирање и долгорочно чување електронски документи според ISO 19005-3 и ISO 32000-1) чија верзија 1.7 содржи XML-датотека, во која се содржани основните елементи на фактурата во согласност со Законот за ДДВ - член 53 став 10. Оваа електронска сметка е целосно во согласност со Законот за ДДВ членовите 53-б и 53-в.
Дополнителна придобивка од електронската сметка е можноста за лесна навигација низ различните сегменти на фактурата и до прегледот на услуги за секој мобилен или фиксен претплатнички број.
Овде мора да истакнам дека од почеток на 2019 до моментов безмалку половина од бизнис постпејд корисниците на А1 Македонија дале согласност за електронска сметка. Факт дека сме посветени и насочени кон континуирано инвестирање во системите и процесите и обезбедување услуги, со кои на корисниците им овозможуваме заштеда на време и со тоа ја подобруваме нивната ефикасност а воедно и да ја поддржуваме иницијативата за поттикнување на еколошката свест.
Дали плаќањето он лајн е безбедно?
Стојанов: Да онлајн плаќањето е сосема безбедно, а еве и зошто. Е-сметка и онлајн плаќање претставува прекрасна симбиоза - меѓусебна животна зависност и поврзаност помеѓу два дигитални организми.
Нудиме разни начини за онлајн плаќање, а корисниците се повеќе вршат плаќање преку: веб страната на А1 МК https://www.a1.mk/plati-smetka, мобилната апликација Мојот А1 или преку истата апликација достапна во веб секцијата https://www.a1.mk/mojot-a1. И овде бележиме тренд на пораст години по ред, а особено во 2020 година. До 24% од сите фактури на крајот од 2020 година се платени онлајн преку овие два канали.
Сакам да напоменам дека со цел подобро да ги едуцираме своите корисници за месечните сметки и за онлајн плаќање на истите изготвивме А1 Гуру видео туторијали - совети кои се достапни на следниве линкови:
-Месечна сметка за комуникациски услуги
- Активација на Е-сметка и плаќање онлајн
Со последната активност најавивте вредни подароци за корисниците кои активираат е-сметка. Што поточно ќе се случува?
Стојанов: Убави работи ќе се случат годинава. Ќе доделуваме супер подароци со Е-сметка!
И мене ми е навистина драго.
Доделувањето подароци важи за сите постпејд корисници на А1 Македонија (освен за вработените и оние кои немаат активирано Е-сметка).
Неодамна А1 Македонија ја најави најновата активност за сите свои пост пејд корисници кои со активирање на услугата Е-сметка добиваат можност да освојат пакет со смартфон Motorola G8 и телевизор Philips TV 32PHT4203/12.
Со активирање на Е-сметка, корисниците автоматски стануваат учесници во трите извлекувања организирани од А1 Македонија во кои ќе бидат доделени 33 пакети со смартфон и телевизор и тоа на 04.02.2021 година, доделуваме 11 пакети, на 04.03.2021 година, доделуваме 11 пакети и на 06.04.2021 година, доделуваме 11 пакети.
Право за учество во извлекувањето имаат СИТЕ резидентни корисници (физички лица) на А1 Македонија со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците (активирана преку формата за Активација на е-сметка, мобилната апликација “Мојот А1”, со испраќање на СМС порака, или со повик во А1 Контакт центарот), како и СИТЕ бизнис корисници (правни лица) на А1 Македонија со дадена согласност за електронска сметка.
Двојно поголема можност за подарок имаат сите корисници со активирана Е-сметка кои ќе направат навремено плаќање на сметките во наведениот рок!
Како може да се активира Е-сметка?
Стојанов: Е-сметка може да биде активирана на еден од следните начини:преку веб-формата, преку мобилната апликација Мојот А1, во делот Сметки, со праќање SMS поракаво која корисникот ќе ја наведе својата е-мејл адреса набесплатниот број 140410, преку веб-страницата www.A1.mk,во секцијата Мојот А1 како и со давање согласност за електронска сметка (само за Бизнис корисници) на следниот начин.
Што понатаму?
Стојанов: Во 2019 доделивме 60 прочистувачи на воздух (Xiaomi Mi Air Purifier 2) и30 велосипедиMax Alpine 27.5”.Минатата година имавме 6 циклуси доделување награди.
Третиот квартал доделивме како подарок 33 електрични велосипеди MS Electron E1, а во вториот квартал доделивме 60 пакети со смартфони телефони во пакет (MotorolaOne Macro + Moto E6 Plus) – вкупно 120 смартфони.
Нека биде мала тајна што друго планираме годинава. Верувајте пријатно ќе ги изненадиме нашите корисници. Тие треба да побрзаат со активацијата на Е-сметка и да продолжат со навремено плаќање на фактурите неделава, зошто извлекувањето за првиот циклус подароци за месец Јануари 2021 е четврток 04.02.2021 – следната недела.
Од називот на работното место, може да заклучиме дека Вие сте одговорен и за превенција од измами. На интернет просторот беше видлива и лажна наградна игра. Како реагиравте?
Стојанов: На интернет и онлајн кај современите алатки за комуникација во државава имаме констатирано дека се организираат лажни наградни игри и доделување подароци користејќи го брендот и логото на давателите на комуникациски услуги. Некои измамници во вакви случаи го злоупотребуваат новиот бренд А1 Македонија, за што се известени корисниците и веќе е поднесена соодветна претставка и пријава до надлежните институции за прогон. Случаите за лажни наградни игри и доделување подароци (phishing) за добивање кориснички лични податоци, детали за банкарски сметки или платежни или кредитни картички или барање за преземање акција која ќе ги чини корисниците,се пријавени и до националниот центар за одговор на компјутерски инциденти при Агенцијата за Електронски комуникации
А1 Македонија никогаш во случај на организирање наградна игра или во случај на доделување подароци нема да бара од корисниците детали за нивните корисничи сметки и лозинки, детали од платежни (дебитни или кредитни картички), ниту пак бара преземање акции кои може да ги чинат нешто дополнително (повици кон странски броеви, кратки пораки кон странски броеви, итн.). Затоа апелираме до корисниците , за наградните игриили активностите поврзани со подарци или извлекувања, да се информираат на официјалните канали на компанијата, а тоа се веб страницата и корпоративните фејсбук и инстаграм профили.
Дали во А1 Македонија се имплементираат искуствата и практиките во оваа област од австриската централа и на кое поле?
Стојанов: Да, и обратно тие ги имплементираат нашите искуства и практики. Овде треба да се има во предвид дека постојат разлики во легислативата во земјите каде има операции А1 Телеком Австрија Групацијата, но комуникацијата е константна и искуствата се разменуваат двострано. Внатре во групацијата, во поглед на % на корисници на Е-сметка, А1 Австрија моментално има малку подобар резултат споредено со А1 Македонија (1,8 процентни поени разлика). А1 Македонија има значително подобри резултати од операторите од А1 Телеком Австрија Групацијата во Словенија, Хрватска и Србија.
Моќта на големото А1 семејство кое е присутно во 7 земји во регионот е токму експертизата, големото искуство и тимската работа која не прави успешни во реализацијата на сите активности и во овој домен, а пред се се насочени кон обезбедување врвно корисничко искуство.
С.Т.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.