20 Декември, 2025
0.1234

Стопанска комора: Компаниите земаат кредити кога државата многу им должи

Објавено во: Економија 05 Септември, 2016 14:50

Добивај вести на Viber

Анкетата на Стопанската комора на Македонија открива дека голем број на компании се соочуваат со потешкотии при наплатата на побарувања од државните фирми и институции и за да останат ликвидни мора да земаат кредити за да ги исполнат нивните обврски кон доверителите.
„Проблем со поврат на ДДВ имаат 3 отсто од компаниите, кои наведуваат дека многу тешко оди повртатот на ДДВ кога се во прашање повисоки месечни суми. Компаниите укажуваат дека ако износите се над 2, 3 или 5 милиони денари, тогаш повратот на ДДВ оди тешко“ информира Билјана Пеева Ѓуриќ од Стопанската комора.
За надминување на проблемот, од Стопанската комора бараат нова измени на Законот за извршување, со кои ќе се озможи компаниите да ги напалатуваат побарувањата од слободната парична маса, односно од сметки на јавните претпријатија и институции. Досега и во судските процеси се носат одлуки дека сметките на државните субјекти се неопходни за исполнување на нивната дејност, па извршувањето не се реализира.
„Со ова решение компаниите се целосно оневозможени да ги наплатат побарувањата и како Стопанска комора бараме да се постигне рамноправност меѓу субејктите“ рече Пеева Ѓуриќ.
Инаку наплатата на помали суми на поврат на ДДВ е поефикасна и само 3% од испитаните компании имале проблеми во оваа категорија. Во анкетата на оваа бизнис-асоцијација биле вклучени 800 компании.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба