17 Мај, 2024
0.0343

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА - со Владата се познаваме, веднаш да почне акција за решавање на економските проблеми

Објавено во: Економија 31 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Најголемата комора во земјава и го честита изборот на новата Влада, но бара веднаш да се седне на маса за да се утврдат приоритети во економијта, со цел да им се помогне на компаниите да ги надминат последиците од корона кризата.

Го честитаме изборот на новата Влада на Република Северна Македонија и им посакуваме успех во работата. Порачуваме дека заедничката акција мора да почне веднаш, пишуваат во соопштение до јавноста од Стопанската комора на Македонија.

„Старо-новиот премиер веќе има искуство на таа значајна функција и докажа дека знае да креира стратешки решенија за големи и за тешки прашања на политички план, па сигурни сме дека сега економијата ќе го добие централното место. Составот на новата Влада во економските сектори има решенија кои нам ни се добро познати и со кои во минатото сме соработувале. Ова значи дека нема потреба од запознавање – соработката може да продолжи веднаш, што е голема предност бидејќи времето во овие околности е најзначајниот фактор.

Упорното продолжување на економската и здравствената криза ги намали таргетите. Сметаме дека добро би било да се стартува во акција веднаш, без протоколи, утврдување на нови методологии и административни лавиринти. Би било добро веднаш да се седне на маса во најоперативен состав и да се утврдат приоритетите кои одговараат на реалноста.

Прво, потребен е зголемен степен на координација на активностите на Владата и приватниот сектор, а искуството покажа дека тоа најдобро би се остварило со формирање на Економски совет и експертски тим, кој што би ги координирал, поттикнувал и имплементирал на најбрз можен начин решенијата со кои треба да се спречи евентуалното комплицирање на работите на планот на здравјето и да се обезбеди задржувањето на работните места и одржување на економијата во живот. 

Второ, Стопанската комора на Македонија се сврти према своите членки ивеќе започнa силовита активност на терен за поддршка на компаниите во надминувањето на клучните проблеми на стопанството, а тоа се функционирањето на коридорите за снабдување и извоз, одржувањето на ликвидноста и обезбедувањето на опстанок на компаниите и задржување на работните места. Комората за таа цел ќе го стави повторно во полна функција Кризниот штаб кој се формираше на почетокот на пандемијата. Ние остануваме на определбата кажана на почетокот на кризата дека Владата треба да им помогне на компаниите сега, за компаниите да можат да возвратат после.

Трето, Комората е длабоко свесна дека треба да биде носител на процесот во кој на дело ќе докажеме дека како реален сектор не само бараме, туку сме подготвени и да дадеме, да понесеме секаква жртва, за да ја надминеме оваа најтешка криза што е пред сите нас. Приватниот сектор го дели мислењето на Владата дека треба првично да се заштитат животите на граѓаните, но паралелно треба да се штитат и бизнисите кои единствено можат да обезбедат егзистенција на населението. Ние не сме луѓе кои водиме сметка само за сопствените интереси, туку се грижиме за зачувувањето на работните места. Покажавме дека сме подготвени да се заложиме за општото добро и остануваме на тие позиции.

П.С. ГО ЦЕНИМЕ ГЕСТОТ НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕДНО СО ЕКОНОМСКИОТ ТИМ НА НОВАТА ВЛАДА, ШТО ВЕДНАШ ПО НИВНИОТ ИЗБОР И СРЕДБАТА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ, ДЕНЕС ВО 14:00 ЧАСОТ ЌЕ ЈА ПОСЕТАТ НАШАТА КУЌА НА БИЗНИСОТ (ДИМИТРИЕ ЧУПОВСКИ БР. 13), КОЈА НЕ СЛУЧАЈНО СЕ НАОЃА ТОЧНО НА ПОЛОВИНА ПАТ ПОМЕЃУ ПАРЛАМЕНТОТ И ВЛАДАТА. ОВА ПОКАЖУВА ДЕКА СМЕ ПОДГОТВЕНИ ДА СЕ ЗАФАТИМЕ ВЕДНАШ ДА РАБОТИМЕ НА РЕШАВАЊЕ НА НАЈАКТУЕЛНИТЕ ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМИ“, потенцираат од Стопанската комора на Македонија.       

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи