19 Мај, 2024
0.0323

СТОПАНСКАТА КОМОРА УКАЖУВА: Последиците од корона вирусот не смее да се потценaт

Објавено во: Економија 13 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Македонија ги поздравува активностите за превенција од ширење на корона вирусот, затоа што врвен приоритет секако е здравјето на секој граѓанин на нашата земја.

Истовремено, во услови кога случувањата поврзани со корона вирусот силно ги погодија големите светски економии логично е да се очекува дека и малите економии, како што е македонската, ќе претрпат несакани последици. Потенцијалот на последиците не смее да се потцени, а нивната големина ќе зависи од подготвеноста на сите вклучени страни да преземат решителни и навремени чекори за минимизирање на можните негативни економски ефекти. Во тој контекст, Стопанската комора на Македонија и деловната заедница претставена преку Комората ја изразува својата подготвеност во целост да соработува во насока на остварување на оваа цел.

Во изминатиот период Стопанската Комора презема континуирани активности во таа насока.

Прво, Стопанската Комора е во континуирана комуникација со Владата и носителите на економските политики. Следствено, обезбеден е канал за комуникација и постојан проток на информации. Од една страна,  договорено е сите заклучоци, мерки и препораки кои се носат на државно ниво да се комуницираат со стопанските комори кои на дневна основа ќе ги информираат своите членки. На барање на Стопанската комора на Македонија Владата ги задолжи сите министерства да формираат свои тимови, со посебна електронска пошта и телефонска линија на која ќе се даваат информации во однос на административните прашања во врска со спроведување на препораките и мерките за справување со корона вирусот COVID-19 за да може сите засегнати да се обратат со прашања кои ги засегаат. Дополнително, Комората перманентно ги известува своите членки и за сите релевантни информации за најновите случувања во земјата и регионот во поглед на сообраќајот, прекуграничните премини, итн.

Во поглед на досегашните мерки,заклучоци и препораки на Владата за превенција од ширење на корона вирусот на 10.3.2020 година, уште на самиот почеток по нивното првично дефинирање, согласно укажувањата на членките за потребите од додефинирање на препораките кои се однесуваат на приватниот сектор Комората веднаш достави забелешки. Во комуникацијата со Владата се пренесуваат и сите други отворени прашања, проблеми и можни негативни последици што компаниите секојдневно ги комуницирале со Комората. Ги охрабруваме компаниите да продолжат со својата комуникација со Комората затоа што сето тоа понатаму се проследува до надлежните институции и се создава амбиент за носење на правовремени и квалитетни одлуки.

Второ, во однос на идните чекори, на вчерашниот состанок (12.3.2020 година) во Владата на која присуствуваа премиерот, економскиот тим на министри и Стопанските комори, беше договорено Коморите во најкраток можен рок да достават податоци за:

-  секторите кои се погодени во моментот;

-  секторитекои дополнително може да бидат погодени во наредниот период;

-  причините и проблемите со кои се соочуваат во моментот;

-  причините и проблемите што може дополнително да се јават во одредени сектори,

-  како и предлог - мерки за подршка на приватниот сектор поради влијанието од корона вирусот.

Координатор на сите овие активности е Стопанската комора на Македонија преку Платформата за јавно приватен дијалог.

Сериозноста на ситуацијата укажува дека ова е момент за единство, ангажирање на сите расположливи ресурси и максимална професионалност и посветеност за да можеме сите заедно да ги надминеме сериозните предизвици со кои се соочува приватниот бизнис сектор и целата македонска економија. 

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија