25 Ноември, 2024
0.3394

ЧЕТИРИ БАРАЊА ОД БИЗНИСОТ ДО ВЛАДАТА ЗА ПОЕВТИНА СТРУЈА, Бектеши: мерките се прифатливи

Објавено во: Економија 27 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Барањата на Стопанската комора на Македонија доставени до Владата и надлежните институции од областа на енергетиката се прифатени, и во следниов период ќе бидат реализирани.

Како што посочи претседателот на Македонската енргетска асоцијација при Стопанската комора, Кочо Анѓушев, тие во рамки на комората веќе имале средби на кои било заклучено дека е неопходно да има разговори со Владата и со РКЕ, со цел да им ги презентираат нивните барања.

-  Низ четири точки накратко би би посочил нашите барања, а првата е преку уредбата за кризна состојба која Владата ја донесе минатата година и со која беше овозможено зелената енергија да се намени за индустријата, но со прекинот на уредбата, таа повторно се врати кај сите корисници. Наша иницијатива е таа енергија повторно се врати само за индустријата, со што македонската економија која е на слободниот пазар би добила некои 7-8 проценти од енергијата на годишно ниво, по некои прифатливи цени. Втора мерка која ја бараме е Владата преку своите компании, пред се МЕПСО, во соработка со Владите од соседните земји, Србија и Бугарија, да искумуницира, во текот на зимниот период не се затворат границите за увоз на електрична енергија, тоа би било исклучително неповолно за целиот енергетски систем и би довело до последици кои би биле посериозни – преудпреди Анѓушев.

Првиот човек на МЕА, додаде дека третото барање е да се зголеми производството на електрична енергија, во насока на зголемено домашно производство.

-  Разговаравме за повеќе аспекти, меѓу кои за работата на Електростопанство на Македонија, но и за набавка на мазут за работа на ТЕЦ Неготино, со оглед дека цените на берзите на електричната енергија сега се околу 500 евра, станува исплатливо да се произедува енергија од мазут. Да разговараме за навремена набавка на мазут за потребите на Неготино. Во рамки на оваа точка, исто така разговаравме за многу значаен аспект од работењето на енергетскиот систем во земјава, а тоа е работењето на ТЕ-ТО, кој е многу значаен за топлификациониот систем на земјата, да се направат напорти ТЕ-ТО да работи годивнава и за поддршка на парно греењето во градот Скопје, кое е многу значајно, но и за поддршка во производството на електрична енергија. Последна четврта мерка е за регулирање во законот за градење, да се овозможи на индустриски капацитети, со намена Г1, лесна незагадувачка индустрија да поставува фотоволтаици во легална постапка, бидејќи индустријата го има само тој начин да се одбрани од овој ценовен шок од цените на електрична енергија – дополнува Ануѓушев.

Воедно претседателот на МЕА посочи дека досега во нашата земја е инвестирано во фотоволтаици и хидроцентрали кои не се вклучени во енергетскиот систем, за кои ќе се дискутира со надлежните побрзо да се вклучат во енергетскиот систем бидејќи „секој мегаватчас енергија е значаен“.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, кој како претставник на Владата, најави дека барањата на комората се реални и дека ќе бидат прифатени, но и дека дел од нив веќе се прифатени и се реализираат.

-  Како Влада, Министерство за економија секојднено сме во комуникација со сите чинители во земајва за да креираме мерки кои ќе ги ублажат штетите од кризата која се наметнува од разни случувања, како кај домаќинствата, така и кај индустријата, имајќи предвид дека е многу важно да се помогне, за нашите компании да ја намдинат кризата, но ако може и да помогнеме да бидат поконкурентни. Минатата недела ги добивме нивните барањеа, кои се разгледани, разговаравме низ институциите, при што повеќето од мерките се прифатливи за Владата и ќе почнат да се применуваат од почетокот на август, кога ќе биде прогласена кризна состојба, за да може Владата да им излезе во пресрет на барањата на компаниите. Што се однесува до енергетската криза, веќе најавивме дека се обезбедени 100 милиони евра за ЕСМ, за справување со кризата, од страна на ЕБОР, за да се зголеми ликвидноста на ЕСМ за набавка на мазут, јаглен, па и електрична енергија. За кратко ќе се потпише договорот со ЕБОР и ќе се користат средствата – појасни Бектеши.

Воедно министерот посочи дека се обезбедени и количини јаглен за РЕК Битола, и за Осломеј, при што најави дека и двата објекти ќе работат со фул капацитет. Исто така посочи дека е започната испорака на мазут од Грција за ТЕЦ Неготино, која  прво ќе работи со еден котел, а потоа и со втор котел, се со цел прво да се снабдува ЕВН Хоум, а вишоците во соработка со Стопанската комора да се даваат на стопанството.

-  За крај апелирам сите заедно да заштедиме што повеќе енергија можеме, за да можат и домашните капацитети да ги задоволат потребите, но и да заштедат и да им дадеме на компаниите кои се на слободен пазар – истакна Бектеши.

Претседателот на Регулатроната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, исто така посочи дека сите барања на МЕА, во надлежност на РКЕ, се прифатливи и ќе бидат имплементирани, како и дека дел се веќе имплементирани.

-  Со можноста централите на обновливи извори кои користат повластена тарифа, да се стават на располагање на македонската економија, по цена од околу 100 евра за мегаватчас, во споредба со цената на берзата ХУПЕКС која достигнува и до 500 евра за мегаватчас, се создава голема предност. Дополнително загубите во мрежата се исто така по пониски цени, со што обезбедуваме помали трошоци за загуби и за домаќинствата и за компаниите. Ова ќе биде од значење за полесно справуавње со кризата. Исто така ако и ТЕ-ТО работи следниот период цело време, како и сите домашни капацитети, бидејќи домашната енергија е најисплатлива и најдостапна – посочи Бислимоски.                         П.О.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување