17 Јануари, 2025
0.1270

Стопанството помогнато со даночни олеснувања од 400 милиони евра

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Владата имаше слух за барањата на металуршките компании и повеќето барања беа прифатени. Во делот на еколошките стандарди имаше извесно пролонгирање на обврските со цел да имаат подолго време за да ги реализираат зашто за тоа се неопходни инвестиции.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во одговор на новинарско прашање по презентацијата на Проектот за задолжителна котација на Македонската берза.

- Владата ги помага компаниите од металургијата  и сите други компании и ќе ги помага со тоа што ќе останеме на политиката на задржување на најниски даноци во Европа. Со тоа преку 400 милиони евра во изминатите неколку години се оставени на располагање на македонските компании од сите дејности, изјави Ставрески.

Тој посочи дека тоа се мерките кои може да се направат согласно можностите на државата.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, пак, посочи дека претставници од Владата ќе се сретнат со металурзите и ќе ги разгледаат сите нивни предлози.

- Комуникацијата на Владата со сите компании е во континуитет. Минатата година воведовме некои мерки кои можеби не ги постигнаа оние ефекти кои ги посакуваат компаниите, но секако не се без ефект, изјави Пешевски, одговарајќи на прашање по промоцијата на инвестициската програма „Мастерплан“ за наредните 20 години на ЕВН Македонија.

Тој посочи дека сите барања од металурзите ќе бидат разгледани, но додааде дека Владата мора да води сметка да не се фаворизира само еден сектор, туку правилата за игра да бидат колку што е можно поеднакви за сите учесници на пазарот.

- Металурзите, но и другите сектори се погодени од кризата во Европа и намалената екстерна побарувачка. Владата прави се она што е во нејзина моќ, но сепак сите треба да понесеме дел од товарот на економската криза во Европа, рече Пешевски.

Металурзите вчера побараа итна поддршка од Владата во делот на субврнционирање на електричната енергија, како и одлагање на рокот за воведување на еколошки стандарди. Тие посочија дека во првите четири месеци од годинава бележат намалување на производството од 21,9 отсто, а до крајот на годината очекуваат загубите да достигнат преку 40 отсто што ќе предизвика отпуштање на вработените.

Можеби ќе ве интересира

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА РАБОТИТЕ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД 1.500 ЕВРА ВО ГЕРМАНИЈА? Овие професии носат највисок приход во староста

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА РАБОТИТЕ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД 1.500 ЕВРА ВО ГЕРМАНИЈА? Овие професии носат највисок приход во староста

КАКО СЕ ТРОШАТ НАРОДНИТЕ ПАРИ: Половина милион евра за студија за „зелена зона“ во Гевгелија за која нема интерес

КАКО СЕ ТРОШАТ НАРОДНИТЕ ПАРИ: Половина милион евра за студија за „зелена зона“ во Гевгелија за која нема интерес