Стопирана процедурата за преземање на кипарските банки во Грција
Објавено во: Свет 25 Март, 2013 09:53
Процедурата за преземање на филијали на кипарските банки во Грција е стопирана, јавија грчките медиуми.
Наредбата за стопирање, според медиумите, ја дал кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, кој нагласил дека прашањето за продажба на филијалите на кипарските банки во Грција се разгледува во пакетот мерки, предвидени со антикризниот план за Кипар, одобрен синоќа од Еврогрупата.
Планот предвидува ликвидација на втората по големина банка, Народната банка и преструктуирање на најголемата финансиска институција во земјата - Банката на Кипар. Овие две банки, заедно со многу помалата Грчка банка, имаат повеќе филијали на грчка територија.
Во петокот беше соопштено дека Пиреос банк, трета по големина трговска банка во Грција ќе ги преземе филијалите на кипарските банки во Грција - односно на Банката на Кипар и Народната банка.
Грчкиот фонд за финансиска стабилност објави дека ја избрал Пиреос банк по спогодбата со Никозија за спас на филијалите на кипарските банки во Грција.
Банката на Кипар и Народната банка во Грција имаат над 300 филијали, во кои работат околу пет илјади лица. Филијалите на овие банки располагаат со капитали, вредни околу 13 милијарди евра, а кредитите кои ги доделиле се проценуваат на 20 милијарди евра.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




