Сторија за 19-годишниот милионер од Израел
Објавено во: Стил 22 Април, 2013 21:53
Да имаш пари е убаво, вели тој, но тврди дека неговиот живот личи како и на сите други тинејџери во Израел.
„Имам пари и имам банкарска сметка која моите родители, кои се сметководители, ја управуваат", вели тој.
„Јас сепак сум како сите други момшиња. Размислувам пред да потрошам пари, па понекогаш дури трошам и помалку од пријателите", додава Хен.
Тој во моментов се занимава со мобилен маркетинг. Има околу 200 клиенти во целиот свет, вклучувајќи и од Саудиска Арабија, Кувајт, дури и од Иран. За секој од нив работи стратегија со која ги таргетира нивните реклами да стигнат до мобилните уреди на корисниците.
„Погледнете наоколу. Насекаде можете да видите луѓе кои ги користат своите мобилни телефони за различни информации. Реков дека мора да има начин од тоа да се прават пари. "
Хен е еден од првите во Израел, кој започнува да се занимава со мобилен маркетинг, што во моментов е светска индустрија тешка 4 милијарди долари. Денес тој раководи со „Mobile Marketing College“, каде се нуди обука за мобилен маркетинг. Цените се движат од 200 долари за еднократен шестчасовниот семинар, до 2 000 долари за цела обука.
Повеќето Израелци на возраста на Хен се во армијата. Тој е ослободен од воена служба поради здравствени причини, но се надева дека наскоро ќе се запише како волонтер во програма која е алтернатива на воената служба. Момчето вели дека работи меѓу два и осум часа на ден и го поминува своето слободно време на плажа или со пријателите. Хен тврди дека е само едно обично дете.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





