Сторија за младата Медисон: Од еден пар влечки, до милион долари
Објавено во: Стил
10 Јуни, 2013 18:56
Добивај вести на Viber
Американските медиуми се фасцинирани успехот во бизнисот 15-годишната Медисон Робинсон. Таа иако е многу млада успеа да го заработи својот прв милион на 15 години. Компанијата „FishFlops“ која со која раководи продава главно влечки апостолки, но и маици, шорцеви и слични артикли. Неверојатно успешната Медисон Робинсон ја својата ранота и со детски книги кои сама ги пишува, а наскоро ќе лансира апликации и видео игри, кои се случуваат под морето.
Иако работи главно онлајн продажба преку својата веб страница, има склучено договори и со продавниците Macy’s, Journey’s i Nordstrom, а досега се продадени повеќе од 60.000 пара апостолки, од кои еден пар чини помеѓу 13 и 20 евра.
Дополнителни 10 илјади пара, Медисон ги подари на детската болница во Тексас.
Својот прв пар апостолки таа ги дизајнирала на само осум години и му ги покажалА на својот татко. Тој бил воодушевен и и дал пари за да почне сопствен биснис, објавија светските агенции.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: